Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Вандализам на повеќе локации во Македонска Каменица, градоначалничката бара од надлежните да ги пронајдат сторителите

Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова преку објава на Фејсбук информира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова преку објава на Фејсбук информира дека во текот на изминатите денови се регистрирани нови случаи на вандализам врз јавниот имот на територијата на општината.

На терен како што соопшти таа е утврдено оштетување на урбаната опрема во Паркот на рударите, како и значителна штета на градскиот јавен тоалет лоциран кај автобуската станица, каде е уништена влезната врата и дел од внатрешниот инвентар. 

Стаменкова, ги осуди ваквите појави, посочувајќи дека уништувањето на јавниот имот претставува директен напад врз заедничките ресурси на граѓаните и врз напорите на локалната самоуправа да создаде уредена и безбедна урбана средина.

Реклама

-Овие чинови се недозволиви и нанесуваат штета која сите ја плаќаме. Апелираме до надлежните институции случаите да бидат расчистени, сторителите пронајдени и санкционирани согласно законот. Јавниот имот е заедничка одговорност и мораме да го чуваме, истакна Стаменкова.

Општината упатува јавен повик до граѓаните активно да пријавуваат вакви појави и да дадат свој придонес во зачувување на јавните површини, со цел да се обезбеди достоинствен изглед на градот и сигурна околина за сите жители.