Реклама

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Филмската магија на „Преку езерото“ освен во Дојран, годинава за прв пат и во Гевгелија и во Струмица

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Експерти: Инфлацијата под контрола, се очекува поефтинување на потрошувачката кочничка

300 милиони евра за локални проекти: Нови улици, училишта, градинки и инфраструктура низ општините

Прилози

Уште еден удар за НАИ на Али Ахмети: Илир Демири ќе делува како независен пратеник, информира Собранието

По поразот на локалните избори, се крши стаклениот мраз на парламентарната група…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По поразот на локалните избори, се крши стаклениот мраз на парламентарната група на Али Ахмети. Илир Демири ја напушти Коалицијата на Европскиот фронт. Тој во дописот до спикерот Гаши во една реченица вели дека неговиот иден ангажман ќе биде како независен пратеник, но од редовите на Алијанса за Албанците.

Тој доаѓа од крилото на Зијадин Села, кој неодамна му сврте грб на Али Ахмети и одлучи неговата парламентарна група да застапува засебно во законодавниот дом.  

Медиуми на албански јазик пишуваат дека целта на овој чекор на Демири е да се отвори патот за пофункционална реорганизација на опозицијата од албанската заедница и дека се очекува на иницијативата да ѝ се придружат и други пратеници од коалицијата.

Реклама

Од ДУИ, пак засега нема официјален коментар за заминувањето на Демири.

Телевизија Алфа се обрати до Димири, но тој не замоли да го контактираме во текот на работната недела за какви било новинарски прашања.

Дали одлуката на Села да ја прекинат соработката со Ахмети поради катастрофалниот пораз од локалните избори или пак лично одлучил така Демири засега не се изјасни.

Неспорно е дека поместувања во парламентарната група на ДУИ ќе има, но прашање е дали се само персонални или пак најава за тотален ремонт на партијата. Блерим Беџети, доскорешниот градоначалник на Сарај, се повлече од функцијата координатор на пратеничката група на Европскиот фронт. Истото го стори и неговата заменичка Арбана Пашоли. На нивно место дојдоа Рина Ајдари и Дијана Тоска.

И порај тоа, Мала Речица не се реши за итни реформи, ниту оставки. Наместо тоа го закажаа петтиот партиски конгрес пред крајот на годината односно на 20-ти декември. За интегративците тоа ќе било значаен момент за дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец. 

ДУИ испраќа пораки за „нова енергија и враќање кон вредностите“, но дел од аналитичарите предупредуваат: смените ќе бидат бадијала, ако новите лица се само ,фигуратнивно, алтер егото на челниците на ДУИ. И членови од партијата отворено побараа вистински пресврт.

ДУИ со години беше доминантна сила во политички блок на албанската заедница во Македонија. Но поразот на последните избори го разниша тој монопол. Партијата веќе не е единствена опција.