Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

УЈП апелира граѓаните да ја проверат својата даночна пријава за 2024-та година

Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните најдоцна до крајот на месец…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните најдоцна до крајот на месец мај да направат увид во генерираните ДЛД-ГДП кои се однесуваат за остварените приходи во 2024 година, а се поставени на нивните кориснички профили на системот „е-Даночни услуги“. Секој кој е регистриран на системот „е-Даночни услуги“, велат од УЈП, има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31.05.2025 година, да ја потврди или да ја коригира годишната даночна пријава доколку е потребно да се направи корекција!

-Управата за јавни приходи информира дека во законскиот рок заврши со генерирање на Годишните даночни пријави (ДЛД-ГДП) за 2024 година. Изгенерирани се 841.671 даночна пријава за 2024 година, што претставува раст од 6%, односно 47.947 повеќе генерирани даночни пријави за минатата година споредено со 2023 година, кога беа генерирани 793.724 пријави. Ги повикуваме граѓаните најдоцна до крајот на месец мај да направат увид во генерираните ДЛД-ГДП кои се однесуваат за остварените приходи во 2024 година, а се поставени на нивните кориснички профили на системот „е-Даночни услуги“. Секој кој е регистриран на системот „е-Даночни услуги“ има обврска во својот кориснички профил, најдоцна до 31 мај 2025 година, да ја потврди или да ја коригира годишната даночна пријава доколку е потребно да се направи корекција! По истекот на овој законски рок потврдените и годишните даночни пријави кои не се потврдени ниту се коригирани ќе се сметаат за конечни, додека коригираните даночни пријави ќе треба да се одобрат од страна на службено лице од Управата за јавни приходи, појаснуваат од УЈП.

Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава, Управата за јавни приходи ќе донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2024 година. Кај обврзниците во чија ДЛД-ГДП се појавува обврска за доплата на данок, по истекот на рокот за потврдување и коригирање, ќе се генерира налог за доплата со фолио број и истиот ќе биде содржан на третата страна во печатењето на даночна пријава (PDF документот). Обврзниците во чија ДЛД-ГДП се појавува повеќе платен данок, имаат можност во самата пријава да искажат барање за враќање на данокот.

Реклама

Управата за јавни приходи, апелира до граѓаните кои оствариле доход во земјава или странство во вид на пари, хартии од вредност, натура или друг вид на доход и сè уште не се регистрирани на системот е-Даночни услуги, за да ги исполнат своите обврски за пријавување и плаќање на данок, истото да го сторат во најкраток можен рок. За дополнителни информации околу исполнувањето на обврските за пријавување на доход, плаќање и враќање на данок можете да се обратите на [email protected], или на некој од контакт телефоните во Контакт центарот 02 3253 200 или на 0800 33 000 само од фиксни оператори.