Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Трипуновски: Опозицијата манипулира, ИПАРД 3 Програмата не е загрозена, активностите течат според планираното

Активностите во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Активностите во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се одвиваат согласно планираната динамика, а ИПАРД апликациите се во фаза на евалуација, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на собраниската седница за пратенички прашања, одговарајќи на прашањето поставено од пратеникот Бојан Стојановски.

Министерот нагласи дека веднаш по сознанијата за злоупотреби од страна на директорот и други лица, бил активиран Националниот механизам, по што националниот координатор презел мерки за брза реакција и привремено стопирање на работата на Платежната агенција со цел да се утврди што точно се случувало.

-Тоа не значи блокада на средствата од Брисел, како што тврдеше опозицијата. Обидите да се манипулира јавноста дека ќе изгубиме 130 милиони евра грантови и дека земјоделците ќе останат без поддршка се невистини, нагласи Трипуновски, додавајќи дека реакцијата на државата била оценета позитивно токму од Брисел.

Реклама

Министерот изјави дека борбата против корупцијата и криминалот мора да биде бескомпромисна и без исклучоци.

-Борбата со корупција и криминал не познава граници. Ние како Влада и како Министерство тоа го покажавме на дело. Независно дали некој извршува политичка или државна функција, доколку го прекршил Законот, треба да одговара. Сомнежите што постојат мора да се истражат и сите инволвирани да одговараат, истакна Трипуновски.

Тој потсети дека претходната власт и покрај притисоците од јавноста, укажувањата и документите од свиркачи, не постапувала по наводите за сериозен криминал особено во Министерството за земјоделство додека со него раководел поранешниот министер Николовски.

-Меѓутоа да бидеме исто така искрени дека претходната власт, сегашната опозиција додека беше на власт иако имаше сериозни притисоци од јавноста, докази, укажувања итн. документи коишто беа доставени од свиркачи, не постапуваше по наводниот криминал којшто се случуваше во сериозни размери поготово и во Министерството за земјоделство, каде што тогаш беше и сегашниот пратеник Љупчо Николовски, рече Трипуновски.

Во ИПАРД 3 Програмата (2021–2027) вкупниот буџет изнесува 128 милиони евра од кои 97 милиони се европски средства, а 31 милион евра национално кофинансирање.

-Од 453 склучени договори, 289 се веќе исплатени, 111 корисници немаат поднесено барања за исплата, а 53 договори се во фаза на чекање. Паѓаат во вода обвинувањата на опозицијата дека илјадници договори ќе останат без средства и дека земјоделството ќе колабира, истакна министерот. Додаде дека опозицијата се обидува со невистини да добие политички поени.