Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Трилатерална конференција во Скопје за вклучување лица со попреченост, регионална соработка и развој во Западен Балкан

Трилатерална конференција посветена на унапредување на вклучувањето на лицата со попреченост и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Трилатерална конференција посветена на унапредување на вклучувањето на лицата со попреченост и зајакнување на регионалната соработка за одржлив развој ќе се одржи денеска во Скопје. Организатори се здружението Институт за развој на заедницата, во партнерство со Фондацијата „Преда плус“ и АДРФ (Albanian disability rights foundation) и со поддршка од партнерски организации, а во рамките на регионалната иницијатива Empowered, соопштија организаторите.

– Носител на проектот е АСБ South East Europe. Проектот е финансиран од страна на Сојузното министерство за економска соработка и развој на Сојузната Република Германија (БМЗ). Оваа конференција на едно место ги собира претставниците на релевантните министерства, организации на лица со попреченост, експерти и приватниот сектор од Македонија, Албанија и Косово – појаснија организаторите.

Како што посочија, целите се промоција на учеството на лицата со попреченост во креирањето политики и институционални реформи, поттикнување на хармонизацијата на законодавството со Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, јакнење на регионалната соработка и мрежите за застапување за размена на знаење и добри практики, идентификување конкретни чекори и иновативни решенија за инклузивен пазар на труд, унапредување на механизмите за поддршка за долгорочно вклучување.

Реклама

– Конференцијата претставува платформа за размена на искуства, презентација на добри практики и зајакнување на партнерствата меѓу организации и институции од Македонија, Албанија и Косово, со цел поттикнување регионален дијалог и заедничко дејствување кон поинклузивни политики и практики – потенцираа организаторите.

Во рамките на конференцијата предвидено е учесниците да дискутираат на два панела. Првиот е за регионална соработка, иновации и застапување за системски промени во областа на вклучувањето. Вториот е за политики за вработување и поддршка за вработување на лица со попреченост.

Организаторите најавија и присуство и обраќање на заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, како и на Кевин Маас, шеф на Одделот за прес и култура од германската амбасада во Република Северна Македонија.