Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Свет

Три дена до изборите во САД – последни обиди за придобивање на гласачите

а само три дена пред изборите двајцата водечки кандидати ги прават последните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

а само три дена пред изборите двајцата водечки кандидати ги прават последните обиди да ги придобијат гласачите. Во кампањата на Џо Бајден се вклучи и поранешниот претседател Барак Обама, а Доналд Трамп добива поддршка од неговите деца.

Поранешниот претседател Барак Обама патува низ земјата во кампања за поддршка на неговиот некогашен потпретседател Џо Бајден.

Неговата улога? Да го напаѓа актуелниот шеф на државата, Доналд Трамп.

Реклама

„Кој е неговиот завршен аргумент? Дека луѓето премногу се фокусирани на Ковид. Тоа го вели на неговите митинзи. Ковид, Ковид, Ковид, се жали тој. Тој е љубоморен на покривањето на медиумите на Ковид“, вели Барак Обама, поранешен претседател на САД.

Со овој начин на говор Обама ја игра улогата на напаѓач додека Бајден се фокусира на ширење на порака за единство презентирајќи се како човек кој може да ја излекува поделената земја.

„Вообичаено таа стратегија е резервирана за кандидатот за потпретседател. Но, кога има некој кој е добар напаѓач како Барак Обама и кој очигледно сака да ја игра таа улога бидејќи е попопуларен и попознат од Камала Харис, тоа е разумна одлука“, вели Вит Аирис, истражувачки центар Северна Sвезда.

Последниот претседател од Републиканската Партија, Џорџ Буш Помладиот не е вклучен во кампањата на Трамп.

„Најпрвин да се потсетиме, и претходно се имаме соочено со искушувачки времиња. По 11 септември јас видов една голема нација која се издигна во чест и храброст, да жали со оние кои жалат и да ги прифати новите неизбежни должности“, вели Џорџ Буш Помладиот, поранешен претседател на САД.

Во мај, кога пандемијата беше во својот врв, Буш ја објави оваа видео порака за единство. Тогаш Трамп одговори на Твитер со критика дека поранешниот претседател не проговорил за време на процесот за негов импичмент.

Но затоа, кампањата на Трамп се потпира неговите возрасни деца, Доналд Помладиот, Ерик, Тифани и Иванка.

„Некои од вас веројатно до неодамна беа Демократи. Сега не може да препознаете што стана од партијата. Нивната платформа е план за трансформирање на Америка во социјалистичка земја“, рече Иванка Трамп, ќерка на Доналд Трамп.

„Тој нема ваков вид на лојалност надвор од неговото семејство, неговото семејство доби на важност во последниве години. Се чини дека многумина од неговата база поддржувачи навистина сакаат да ги видат неговите синови и ќерки“, вели Томас Шварц, Универзитет Вандербилт.

Во кампањата се вклучени и сопругите на кандидатите. Џил Бајден е активна на терен.

„Кога Џо ќе биде претседател нема да напнато да одмавнувате со главата додека ги читате вестите“, вели Џил Бајден, сопруга на Џо Бајден.

Во меѓувреме првата дама, Меланија Трамп, за прв пат се појави и сама како дел од кампањата.

„Ви благодарам на сите за љубовта и поддршката кои ни ги дадовте кога нашето семејство беше дијагностицирано со Ковид-19“, рече Меланија Трамп, сопруга на Доналд Трамп.

Анкетите на национално ниво покажуваат дека Бајден има предност пред Трамп од 7 до 8 процентни поени, но оваа маргина е двојно помала во клучните сојузни држави кои веројатно ќе го одредат победникот.

Околу 80 милиони луѓе веќе гласале. Од нив две третини по пошта е една третина лично онаму каде избирачките места се веќе отворени. Експертите очекуваат излезноста на овие избори да биде највисока од 1908-та година кога на гласање излегле 65% од избирачите.

За Алфа од Гласот на Америка, Никола Крстиќ во Вашингтон.