Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Свет

Трамп и Редфилд со различни ставови околу термините за широка вакцинација на населението

Вакцината за корона вирус ќе биде достапна во ноември или декември, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вакцината за корона вирус ќе биде достапна во ноември или декември, но во ограничени количини. Ова го изјави директорот на Центарот за контрола на болести (CDC) во своето сведочење пред Конгресот. Сепак, тој рече дека широката вакцинација на американското население ќе се случува многу подоцна.


„Мислам дека веројатно ќе биде кон крајот на вториот квартал или третиот квартал од 2021-та“ – вели Роберт Редфилд, директор на CDC.

Само неколку часа подоцна Доналд Трамп го демантираше експертот именуван лично од него.

Реклама


„Мислам дека направи грешка кога го рече тоа, тоа е неточна информација. Му се јавив и не ми го кажа тоа, мислам дека ја сфати пораката, можеби е збунет, можеби е погрешно кажано. Ние сме подготвени веднаш да почнеме кога ќе биде објавена вакцината, а тоа може да биде во октомври“ – рече Доналд Трамп, претседател на САД
.

Американскиот одговор на Ковид-19 е клучно прашање во претседателската кампања и Трамп вели дека вакцината може да биде готова до денот на изборите.

Претседателот исто така контрираше и на тврдењето на директорот на CDC дека маските се докажано ефикасни и дека може да претставуваат подобра заштита од евентуална вакцина.

Во гостување на телевизијата ABC Трамп рече дека корона вирусот ќе исчезне и без вакцина тврдејќи дека граѓаните на крајот ќе развијат колективен имунитет.

Тоа се постигнува кога значителен процент од населението станува имуно со што се намалува веројатноста од инфекција и кај оние кои немаат имунитет.


„Единствениот начин на кој може да постигнете колективен имунитет без вакцина е доколку вирусот сѐ направи сам, вирусот мора да инфицира многумина и многумина да разболи, да завршат во болница. Би имале многу смртни случаи кај сите возрасни групи – деца, млади и секако многу возрасни и луѓе со хронични болести. Не, не го сакаме тоа
“ – вели д-р Вилијам Шафнер, Универзитет Вандербилт.

Во обид да направи контраст на пристапот кон пандемијата што го има Трамп, Бајден изложи свој план за дистрибуција на вакцината доколку тој победи на изборите.


„Тоа вклучува детална рамка кога населението ќе ја добие вакцината, јасна распределба на приоритетите за луѓето што ќе ја добијат, специфични средства и механизми за достава и складирање на вакцината на соодветна температура. Две од овие вакцини, доколку бидат одобрени, ќе треба да бидат складирани на -56 степени. Распределбата на одговорноста на секое ниво на власта мора да биде јасна, а јас ќе го обезбедам потребното лидерство за спроведување на тој план
“ – рече Џо Бајден, претседателски кандидат од Демократската Партија.

Според истражувањата на јавното мислење корона вирусот за голем дел од Американците ќе има значително влијание врз одлуката за кого ќе гласаат на изборите на 3-ти ноември.


Најновата анкета на ABC News покажува дека 65% од граѓаните не го одобруваат начинот на кој Доналд Трамп се справува со пандемијата. За Алфа од Гласот на Америка, Никола Крстиќ во Вашингтон.