Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Трајанова: Социјалната политика и граѓаните остануваат во фокусот на финансиските политики и со овој ребаланс

Интегрален текст од изјавата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Моника Трајанова„Почитувани, Социјалната политика…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интегрален текст од изјавата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Моника Трајанова
„Почитувани,

Социјалната политика и граѓаните остануваат во фокусот на финансиските политики и со овој ребаланс.

Обезбедуваме дополнителни 2,5 милијарди денари за пензии.

Реклама

Конкретна поддршка за над 338.000 граѓани. За оние кои цел живот работеа, сега државата возвраќа со стабилност и поддршка.

Дополнителни 250 милиони денари плус за изградба и опремување на нови детски градинки. Програмата 3 – „Детска заштита“, добива финансиска инјекција, што претставува зголемување за 17%, а во ставката „Други градежни објекти“ имаме зголемување од фантастични 1570%.

Овие средства ќе значат зголемени капацитети во градинките, подобри услови – и помалку чекање за секое дете и секој родител.

Правиме и чекор напред кон достоинство за лицата со попреченост.

Ребалансот одвојува 505 милиони денари за деинституционализација, со што се финансира отворање на нови дневни центри, рехабилитациски услуги и поддршка на заедницата. Сево ова со јасна цел: грижа поблиску до домот.

Почитувани,

Неуморно работиме за да бидеме сигурни дека децата ќе имаат каде да растат, дека лицата со попреченост ќе добијат соодветна грижа, дека пензиите нема да доцнат, а дека државата ќе е тука секогаш кога е најпотребна.

Ова не се ветувања. Ова се јасни и недвосмислени чекори кои покажуваат дека никој нема да биде заборавен.

Ви благодарам.