Реклама

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Најмладиот милионер во Македонија има само 4 години, највисоката плати лани била 190.000 евра

Македонската судбина одѕвонува и за Црна Гора: Нема ЕУ додека не ги решат билатералните спорови

Македонија

Тозиевски: Пешачко-велосипедска патека во должина од 180 километри, подобри комунални услуги и реконструкција на улици за развој на Ресен и Преспа

Зад нас е првата година од мојот втор мандат, како градоначалник на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зад нас е првата година од мојот втор мандат, како градоначалник на Општина Ресен. Ова е можност да се осврнам кон досегашната работа, реализираните активности и предизвиците со кои се соочуваме во изминатава година, како локална самоуправа, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Јован Тозиевски, градоначалник на Општина Ресен.

Вториот мандат за мене, пред се, претставува продолжување на обврската за одговорно управување со општината, подобрување на условите за живот на граѓаните и создавање можности за економски и инфраструктурен развој.

Во изминатиот период, фокусот на локалната самоуправа остана насочен кон унапредување на комуналните услуги, подобрување на патната инфраструктура, развој на туризмот и културата, унапредување на образованието и заштита на животната средина.

Реклама

Развојот на инфраструктурата е еден од најзначајните предуслови за подобар живот на граѓаните. Реконструкцијата и изградбата на улици и локални патишта, унапредувањето на водоводната и канализациската мрежа и подобрувањето на јавните површини се области од особено значење за Општина Ресен.

Во изминатава година реализирани се следниве активности во оваа област: Реконструкција на патен правец Мост на Голема Река до раскрсница со Депонија, хидротехнички истражни работи во с.Штрбово ( бушотина за вода), изведба на примарна водоводна мрежа и асфалтирање на ул„Наум Веслиевски“ крак 1 и крак 2 по постоечка состојба, изведба на примарна водоводна мрежа со куќни приклучоци на ул„11-ти Септември“ и ул„Бигла“, изградба на атмосферска канализација на дел од ул „Борис Кидрич“, примарни фекални канализациони системи во Долно Дупени, Крани, Стење, Брајчино, а во тек е изградби на пречистителни станици за истите

Обезбедени се проектни документи за : реконструкција на водоводна мрежа на улиците  „11-ти Септември“, „Мите Трповски“, „1-нова“, „Мирче Ацев“, „4-ти Јули“,   „Мите Трајчевски“, реконструкција на примарна фекална канализациона мрежа со куќни приклучоци за ул.„Мите Трајчевски“, реконструкција на  атмосферска канализација за : ул„Мите Трајчевски“, ул„4-та“, дел од ул„6-та“ и дел од ул„Ленинова“, реконструкција на ул „4-та“, дел од ул „6-та“ и дел од ул „Корчуланска“, проект за изградба на инфраструктура – пешачка патека на крајбрежни простори на Преспанското езеро, КО Претор, КО Преспанско езеро дел -1, проект за изградба на дел од сервисна улица „4-ти Јули”, сервисна улица „1″ и сервисна улица „2″ во  Ресен, изградба на фекална и атмосферска канализација.

Проекти кои во моментов се во тек се: Реконструкција на водоводна линија на дел од ул „Иво Лола Рибар“, изведба на атмосферска канализациона мрежа на ул„ Иво Лола Рибар“, реконструкција на дел од сервисна улица „Иво Лола Рибар“, реконструкција на дел од сервисна улица „11 ти Септември“, изведба на примарна водоводна мрежа со куќни приклучоци на  ул „7 ма Македонска ударна бригада“, изведба на примарна фекална канализациона мрежа со куќни приклучоци на ул „7 ма Македонска ударна бригада“, реконструкција на дел од локална сервисна улица „7 ма Македонска бригада, реконструкција на водоводна мрежа на ул „Никола Карев“.

Во областа на комуналните услуги  и заштитата на животната средина, во соработка со Министерството за животна средина набавени се два камиони за собирање на отпад и еден камион – кипер. Исто така, набавен е и мини багер за потребите на јавното комунално претпријатие. А, обезбедено е и едно противпожарно  возило во соработка со мисијата Флоријан.

Преспа располага со значајни природни, културни и туристички потенцијали. Преспанското Езеро, природното наследство, традицијата, културните манифестации и гастрономијата создаваат можности за развој на туризмот и локалното стопанство.

Посебно место имаат традиционалните манифестации кои се во целосна организација на општината, кои ја промовираат земјоделската традиција, културниот идентитет и туристичката понуда на регионот. Општината ги подржува и сите други културни и спортски манифестации, организирани од локалните друштва, здруженија и клубови.

Отпочнати се градежни активности за изградба на пешачко-велосипедска патека во должина од 180 км, низ целата територија на Преспа, со поддршка на Европската Унија.  Инвестициите во образованието, грижата за најмладите и создавањето подобри услови за нив, се инвестиции во иднината на општината. Општината дава поддршка на секое запишано прваче и за секој запишан средношколец во прва година на средно образование во нашата општина. Воедно, локалната самоуправа дава поддршка на секое првородено дете, како и на ранливите категории граѓани, старите лица и семејствата на кои им е потребна помош.

Одговорното управување со општинските средства е основа за реализација на развојните проекти. Планирањето на буџетот, рационалното користење на средствата, навременото подмирување на обврските и обезбедување дополнителни финансиски средства преку државни и меѓународни програми се важни за стабилност на општината. Транспарентноста и отчетноста се стремиме да останат основни принципи во работата на локалната самоуправа, со јасно информирање на граѓаните за тоа како се трошат јавните средства и какви резултати се постигнуваат.

Зад успешниот развој на општината стои соработката помеѓу општинската администрација, Советот на Општина Ресен, јавните претпријатија, институциите, бизнис-секторот и граѓаните. Отворениот дијалог, навременото решавање на проблемите и вклучувањето на граѓаните во процесите на одлучување се важни за создавање општина во која потребите на локалното население се во центарот на вниманието. И покрај досегашните активности, пред нас, како локална самоуправа, остануваат важни предизвици. Меѓу нив се потребата од дополнителни инвестиции во инфраструктурата, подобрувањето на комуналните услуги и создавање подобри економски можности за младите.

Оваа прва година од вториот мандат е можност за согледување на постигнатото, утврдување на приоритетите и поставување основа за понатамошен развој на Општина Ресен. Целта на локалната самоуправа треба да остане создавање подобри услови за живот во сите населени места, поттикнување на локалниот економски развој, зачувување на природните богатства на Преспа и обезбедување иднина со повеќе можности за младите генерации.

Вистинскиот успех на секоја локална власт се мери преку конкретните резултати, задоволството на граѓаните и промените што ги чувствуваат во секојдневниот живот. Ресен и Преспа заслужуваат континуиран развој, одговорно управување и посветена работа во интерес на сите граѓани.