Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Тoшковски: Вложуваме во луѓето, нивната подготвеност и едукација, обезбедена со опрема, душеци и кимона џудо салата на Центарот за обука на полицијата

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денес во Центарот за обука во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денес во Центарот за обука во Идризово, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски присуствуваа на предавање на донација од спортски душеци – татами и кимона наменети за опремување на џудо салата наменета за обука на полициските кадети и полициските службеници.

Министерот Тошковски подвлече дека оваа соработка произлегува од неодамна потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу министерствата за внатрешни работи и министерството за спорт и Меморандумот за разбирање помеѓу Националната џудо федерација и Европската џудо федерација кој беше потпишан на Европското првенство во џудо за кадети кое се одржа во Скопје претходната недела.

-Вложуваме во луѓето, во нивната подготвеност и едукација. Градиме силна и подготвена полиција која ќе одговори на безбедносните предизвици на денешнината и успешно ќе се бори со криминалот. За тоа е потребно и постојана физичка подготвеност која ја обезбедуваме преку унапредување на сите спортски капацитети тука во Центарот за обука така и другите капацитети на МВР. Денес со помош на министерството за спорт и Европската џудо федерација ја опремуваме џудо салата каде кадетите и полициските службеници ќе ја одржуваат својата физичка кондиција и ќе унапредуваат своите вештини потребни за успешно извршување на работата, истакна министерот Тошковски.

Реклама

Тошковски образложи дека преку оваа соработка планирани се програми за физичка обука базирани на џудо за полициски службеници во насока на подобрување на самоодбраната и целокупната физичка подготвеност и соработка во многу други активности кои го промовираат спортот, дисциплината и здравото живеење.