Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествува во Стратешки дијалог Македонија –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествува во Стратешки дијалог Македонија – САД, којшто се одржува во Вашингтон, каде што се одржува втората сесија од овој важен билатерален процес.

Како што соопшти Министерството, Стратешкиот дијалог претставува значајна платформа за продлабочување на соработката меѓу Македонија и САД, со фокус на безбедноста, владеењето на правото и институционалниот развој.

Во рамки на дијалогот, Министерството за внатрешни работи става силен акцент на зајакнување на граничната безбедност, борбата против организираниот криминал, нелегалната миграција и трговијата со дрога, како и унапредување на разузнавачката соработка со партнерските служби.

Реклама

-Стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави е важен процес што носи конкретни резултати за безбедноста на нашите граѓани. Преку ова партнерство обезбедуваме посигурни граници, поефикасна борба против криминалот и модерни, отпорни институции – истакна министерот Тошковски.

Од Министерството додаваат дека особено значајна е поддршката од страна на САД во износ од над 3,5 милиони долари, наменета за јакнење на капацитетите на Министерството за внатрешни работи, што претставува директна инвестиција во безбедноста на државата.

Паралелно, се работи и на унапредување на сајбер безбедноста преку техничка поддршка, обуки и модернизација на системите, со цел поефикасна заштита на институциите и критичната инфраструктура.

-САД остануваат најважен стратешки партнер на државата и силен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и демократските капацитети, додаваат од МВР.