Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Тони Стојановски во „Бизнис клуб“. Вложувањето во човечкиот капитал и ширењето на знаењата се најважната задача на една институција

Гостин во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески е м-р…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гостин во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески е м-р Тони Стојановски, главен извршен директор и член на УО на „НЛБ банка“ Скопје, професионалец кој целата своја професионална кариера ја градел во банкарскиот сектор. Разговорот е насочен кон состојбите и предизвиците во банкарството во Македонија.

М-р Стојановски својата кариера ја започнал во Народна банка на Македонија, токму во периодот кога институцијата ги градела својата улога и своите капацитети, особено во доменот на банкарската супервизија. Во Народна банка поминува 13 години напредувајќи низ различни работни позиции, сè до функцијата генерален менаџер на Дирекцијата за супервизија, регулатива и финансиска стабилност. За него Народна банка е една од врвните институции во земјава, која многу инвестира во развојот на својот кадар. Банкарската супервизија, пак, ја нарекува срцето на банкарскиот сектор бидејќи навременото откривање и препознавање на слабостите значи превенција од потенцијалните ризици кои можат да појават.

„Вложувањето во човечкиот капитал и ширењето на знаењата се најважната работа за една институција“, нагласува м-р Стојановски.

Реклама

Во 2008 година, на покана на Националната банка од Грција, се приклучува во  „Стопанска Банка“ АД Скопје за да го зајакне менаџерскиот тим. Во периодот од 2010 до 2020 година ја извршува функцијата генерален директор за управување со ризици и член на УО на „Стопанска банка“, а во 2020 година, благодарение на своето знаење и професионализам, е назначен за генерален директор за корпоративно банкарство.

Од септември 2024 година м-р Стојановски е именуван за главен извршен директор и за претседател на Управниот одбор на „НЛБ банка“ Скопје. Тој посочува дека раководството на групацијата „НЛБ“ во Љубљана е силно насочено кон Балканот, а новата стратегија 20/30 ќе донесе нови услуги, дигитални иновации и натамошно јакнење на регионалното присуство.

Во разговорот м-р Стојановски се осврнува и на фактот дека „НЛБ банка“ Скопје токму овие денови ја одбележува својата 40-годишнина. Од мала финансиска институција создадена за поддршка на тутунските производители, Банката прераснала во стабилна и реномирана компанија. Според Стојановски, успехот се должи на високата предвидливост, јасната стратегија за раст и развој, силниот менаџерски тим за работа и навременото детектирање на ризиците. Тој додава дека „НЛБ банка“ низ годините преземала и одредени ризични, но стратешки важни потфати со кои, покрај на големите компании, значително им помогнала и на малите и на средните претпријатија, придонесувајќи за економијата на државата.

Денес „НЛБ банка“ Скопје е прва според кредитирањето на населението, втора според кредитното потфолио и трета според активата, веднаш зад „НЛБ банка“ Љубљана и „НЛБ банка“ Белград.

Покрај професионалните ангажмани, Стојановски е и долгогодишен претседател на Одборот на директори на „Македонска берза“ АД Скопје, потпретседател на  Македонската банкарска асоцијација и претседател на Надзорниот одбор на „Стопанска лизинг“ Скопје.

Во поткастот открива и дел од своите лични интереси – љубовта спрема фудбалот и планинарењето, активности кои му носат енергија и рамнотежа во секојдневниот живот.