Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

Tехнички проблеми за онлајн пресовите на владини претставници кога Aлфа треба да праша

Падна владиниот систем пред ТВ Алфа да постави прашања на министерот за…

Сподели:

Падна владиниот систем пред ТВ Алфа да постави прашања на министерот за правда Бојан Маричиќ, кој држеше онлајн прес конференција. Не успеавме да прашаме зошто веќе две недели институциите молчат за аферата што ја обелодени опозицијата за црногорскиот бизнисмен со руски конекции Миодраг Дака Давидовиќ, кој треба да гради згради во центарот на Тетово на земјиштето на поранешниот гигант ШИК ЈЕЛАК и дали е тоа патот на правдата?

Од службата што ги работи на онлајн пресовите ни кажаа дека имале проблем со тонот, и затоа морале да ја прекинат конференцијата. Инаку ова не е прв пат на прашања на Алфа да паѓа системот кога се владини пресконференции во прашање.

Побаравме посебна изјава од Маричиќ, но иако ветија дека ќе направеле напори да ни обезбедат изјава, но тоа не се случи. Рекоа дека заминал на седница па се понудија писмено да ни одговорат. Испративме е-маил, но до овие вести одговор нема.

Реклама

За аферата со Дака документи обелодени потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски. Потсети и на разговорите кои одекнаа во јавноста во предизборието во кои наводно се слуша гласот на Дака и осудениот во Рекет, Зоки Кичеец. Во овие аудио материјали се споменува името на Зоран Заев, но и на Драги Рашковски. За ова, нема коментар ниту од владата, ниту од овбинителството.

Николовски обвинува дека зад мини наслебата на местото на ШИК Јелак се кријат Оф шор сметки за евентуални матни тансакции, ДУП сменет преку ноќ, нарушување на урбаното живеење. Според податоците на Николовски во Тетово ќе никнат згради со 2.000 станови за 8.000 жители и огромни деловни комплекси со вкупна заработка за инвеститорот од 200 милиони евра.

Борис Грујоски