Мрднавме од “мртва точка” после десетици години – позитивната листа на лекови има девет нови генерики и тоа е успех, вели министерот за здравство. Тој побара трпение од онколошките пацинети во однос на барањата за надополнување на позитивната листа. Тие бараат дел од лековите за болните од канцер да бидат на товар на ФЗО.Таравари уверува дека ова е само почеток на ревидирање на листата на лекови. Ако се оди според планот, за шест месеци листата повторно ќе биде проширена, и уверува дека ќе направи се’ што поскоро да се надополнат генерики и за болните од рак.
Болните од најтешката болест изразија незадоволство, затоа што биле “прескокнати” со тоа што на листата на лекови нема ниту еден медикамент наменет за нивната болест. Тие очекуваат дека во најскоро време ќе оставарат средба со Таравари, за да си ги кажат нивните маки.
Освен лековите, проблем им се и резултатите. Пациенти со карцином во напредна фаза се принудени да чекаат резултати од направена биопсија кои не се готови и по месец дена.Таравари вели дека има недостаток на патоалози и радиолози но со вработувања на специјализантите проблемот ќе биде надминат.

Пациентите и нивните семејства апелираат државните здравствени установи да имаат слух за итноста на нивната здравствена состојба. Велат дека живеат во страв затоа што додека чекаат резултати, воопшто не примаат терапија, а времето поминува.
