Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Судењето за родилката од Дебар по трет пат се враќа од почеток

Судскиот процес за случајот Веапоска по трет пат се враќа од почеток-родилката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот процес за случајот Веапоска по трет пат се враќа од почеток-родилката од Дебар која остана без матка,бубрег и јајник безмалку 2 години чека правда.Откако почнасудскиот процес на почетокот од 2022-ра,до сега се сменија двајца судии и двајцата во рок од една година заминаа во пензија. Од самиот почеток се одолговлекува судењетона докторите од Струга кои ме осакатија и ме оставија без три органи, вели Веапоска која поднесе и претставка до судскиот совет со барање да се испита работата на судот во Струга.

Судијата и обвинителот избегаа од процесот и затоа не го завршија.Тие, тој судија и тој обвинител нема да остават никаква трага во правосудството  во Република Македонија, ете тоа е моето мислење.Довербата во правосудството е во минусно салдо отидена.Правдата е тешко достапна, луѓето се загрижени, неможеш да го знаеш исходот на постапките од икс причини”-вели Сашо Јанев,адвокат на Веапоска

Претседателот на струшкиот основен суд отворено, вели дека e лоша ситуацијата во судот каде се водат сериозни судски процеси како овој со Веапоска, бидејќи од потребните 15 судии, останале само 4-ца.

Реклама

Не е добра ситуацијата,ќе мора да се интервенира дали со делегирање или со избор на друг судија што има работно искуство повеќе од 3 години за да може да постапува во кривичните предмети каде што е предвидено казна затвора над 5 години”-вели Ифет Бајрамоски,Претседател на Основен суд Струга

И додека Веапоска го чека 22-ри декември кога по трет треба да почне судскиот процес против екс директорот на струшката општа болница Мухамед Асани, неговиот синБлертон Асани и Лилјана Јованоска,претседателот на судот мака мачи да го обезбеди потребниот број судии. Од 4-рицата судии кои ја тераат правдата,еден за три месеци ќе се врати во охридскиот основен суд од каде што бил делегиран и двајца млади судии од Академија за судии и јавни обвинители,кои пак ќе постапуваат лимитирано, само за одредени спорови.

Росица Голабоска