Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Стратегијата за образование 2026-2032 достапна за предлози, Јаневска го повика граѓанскиот сектор да се вклучи во јавната дискусија

Стратегијата за образование 2026-2032 е поставена на националниот регистар на прописи ЕНЕР…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стратегијата за образование 2026-2032 е поставена на националниот регистар на прописи ЕНЕР и најмалку 20 дена сите заинтересирани ќе имаат можност да даваат сугестии и предлози за документот што го дефинира правецот на образованието во наредните шест години.

Министерката Весна Јаневска денеска на панел-дискусија посветена на образованието, во рамки на форумот „Соработка на владата и  граѓанското општество“ кој втора година го организираат Владата и „Цивика мобилитас“, информираше дека во процесот се вклучени повеќе институции и домашни и меѓународни организации, нагласувајќи дека најдобрата верзија која ќе ја надополни претходната стратегија, ќе се насочи кон нерешените предизвици, но и кон следење на новите глобални трендови и стандарди.

-Нема успешни национални политики, без вклучување на граѓанскиот сектор во нивното креирање. За актуелната Влада тоа е несомнено и затоа е основен принцип на работа. Придонесот на граѓански организации е исклучително важен во досегашното унапредување на законската регулатива, во дефинирањето  системски мерки, проекти и активности, во подигнувањето на свеста за одредени теми и прашања како мултикултирализмот, толеранцијата, почитување на различностите итн.  Релацијата ќе ја развиваме, бидејќи граѓанскиот сектор прв воочува предизвици и аномалии, затоа и секогаш има најмногу и најиздржани предлози кои можат да се интегрираат во политиките на Министерството, рече Јаневска.

Реклама

За време на средбата со претставници на граѓанските организации, министерката одговори на повеќе прашања поврзани со тековни состојби во образованието. Меѓу другото, таа соопшти дека до крајот на годинава на јавна расправа ќе биде ставен новиот Закон за високо образование. 

-Претходната Влада донесе законско решение, многу полошо од она што постоеше дотогаш. Скратија многу студентски права, олеснија проодност на наставен и научен кадар, но со тоа го опаднаа квалитетот на високото образование. Ние сега користиме вистински инклузивен пристап – формиравме национално координативно тело за реформи и преку тоа се изработува новиот закон за високо, но и за научно-истражувачка дејност. Професорите и студентите ќе кажат што е добро, а што не е. Потоа ќе следува јавна дискусија преку ЕНЕР и во Собрание, за да бидеме сигурни дека има консензус меѓу сите страни, рече министерката.

Оценувајќи го степенот на инклузивност на националниот образовен систем, Јаневска посочи  дека во овој сегмент има значителен напредок во изминатите 18 месеци во кои, како што рече, биле ангажирани рекорден број образовни асистенти во основното и првпат во средното образование. Основани се и државни средни училишта со ресурсни центри кои им помагаат на училиштата каде што се запишани ученици со посебни образовни потреби. Министерката на панелот најави дека ресурсните центри ќе бидат комплетно реновирани, по приемрот на проектот за реконструкција на студентските домови.