Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Стојановски: Ризици и проблеми секогаш ќе има, но со отворен дијалог тие можат да се менаџираат и да се претворат во можности за ефективност, раст и развој

„Би сакал да создадам банка која ќе биде столб на финансискиот систем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Би сакал да создадам банка која ќе биде столб на финансискиот систем на Македонија; банка партнер на сите бизниси, банка на која ќе можат да се потпрат сите домаќинства во Македонија; технолошки опремена и дигитализирана банка со примена на сите најнови технологии за добробит на нашите клиенти; банка која со своето постоење ќе има смисла не само за себе, туку и за околината во која функционира“, изјави м-р Тони Стојановски, главен извршен директор и член на УО на „НЛБ банка“ Скопје, во најновото издание на „Бизнис-клуб“ со претседателот на Комората Бранко Азески, се наведува во соопштението од Стопанска комора на Македонија.

М-р Стојановски потсети дека за да се разбере денешниот банкарски систем, мора да се земат предвид состојбите од минатото – периодот на враќање на довербата на граѓаните во банките по банкарскиот колапс по распадот на поранешна Југославија и времето на големата инфлација, кога бизнисите се бореле за опстанок.

„Стабилноста на цените е јавно добро без кое бизнисите не можат да напредуваат“, истакна Стојановски.

Реклама

Во таа насока, додаде: „Ако имаме позитивно настроен критички поглед, ќе идентификуваме многу точки каде што сме направиле напредок, што ќе нѐ растовари од некои фрустрации за да видиме што е тоа што треба да го направиме денес.“

Стојановски подвлече дека е неопходно да се почитуваме себеси, да го почитуваме сето она што е постигнато и јасно да се фокусираме на она што ни е потребно денес и во иднина – отвореноста кон нови знаења и вештини. „Светот оди напред“, нагласи тој, „а ние мора да бидеме во чекор со него“. Според него, тоа бара:

–       промена на образовниот систем, кој ќе ги следи промените и иновациите;

–       континуирана едукација и доживотно учење;

–       прифаќање на новините (зелена агенда, циркуларна економија…).

Тој нагласи дека коморите имаат незаменлива улога во овие процеси бидејќи први ги препознаваат промените и ги поттикнуваат компаниите да бидат отворени за таквите промени.

На прашањето дали банките располагаат со индикатори за предвидување ризици и дали можат да ѝ сугерираат на државата за навремено справување со последиците, Стојановски истакна дека редовно се подготвуваат анализи и дека тие се споделуваат со институциите. „Само со отворена комуникација со сите чинители во системот може да се спречат предизвиците бидејќи сите имаме знаење и искуство кое треба да се искористи“, рече м-р Стојановски.

„Ризици и проблеми секогаш ќе има, но со отворен дијалог тие можат да се менаџираат и да се претворат во можности за ефективност, ефикасност, раст и развој“, додаде Стојановски.

Во продолжение на разговорот м-р Стојановски упати и порака до младите: професиите се менуваат, па затоа е најважно младите да научат како да учат, а фокусот да биде на доживотното учење.