Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Стојаноска: Владејачката партија бара одржување на онлајн седници, ја злоупотребува сериозната состојба со корона вирусот

Дафина Стојаноска, пратеник и заменик координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дафина Стојаноска, пратеник и заменик координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во своето утринско гостување во емисијата на телевизија за Алфа зборуваше за онлјан седниците и рече дека владеачката партија по кој знае кој пат ја злоупотребува сериозната состојба со корона висрусот.

-Јас неколкупати имав можност да кажам дека нивната цел е да предлогот за онлајн седници набрзина да се прогура и основната поента им е да стои дека присуството не е задолжително, а за жал ја злоупотребуваат и овој пат сериозната состојба со корона вирусот, зошто? Затоа што имаат тенко мнозинство, тоа е факт и тоа им е најголемиот проблем и еве сега ќе речат знаете може да се случи секој од нас да се зарази зошто ние не сме во Собранието затворени како група, него секој од нас кога ќе завршат седниците во Парламентот си заминува дома. Нивната затскриена цел е прво како ќе го формулираме тоа, зошто имаме неколку стадиуми на луѓе што се зафатени со корона вирусот, имаме луѓе кои мора да бидат во самоизолација зошто со некој нивни близок таков биле во контакт кој што е позитивен, имаме луѓе кои се позитивни на корона , но се во домашно лекување и такви позитивни кои се на болничко лекување и сега како ние ќе разграничиме еден пратеник доколку стигне да биде позитивен, а се наоѓа на Клиника за инфективни болести и е на апарати. Зарем мислат колегите дека еден таков случај може да учествува преку видео обраќање и како тој во таква состојба би придонел за работа, потенцираше Стојаноска