Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Стојаноска: Со женскиот активизам, чесна и рамноправна борба би се намалила пратеничката девалвација

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, Унија на жени“ гостуваше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, Унија на жени“ гостуваше пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, која дискутираше за предизвиците на женското лидерство и моќта на женскиот глас.

На самиот почеток пратеничката истакна дека пратеничката функција е девалвирана, и дека со женскиот активизам, чесна и рамноправна борба таа девалвација би се намалила.

– Доста е девалвирана како професија пратеничката функција, но треба да се потрудиме и особено женскиот активизам сметам дека е доста битен и клучен за да се постигне таа цел, таа девалвација да се намали ако може тоа да се постигне, со активизам, со чесна борба, и секако и рамноправна. Без разлика на полот ние мора рамноправно да настапуваме, да се бориме за сите права. Ние сме претставници на сите граѓани, но да како жени можеби некои со подруги очи не гледаат но доколку го работиме она што го работиме чесно и посветено, тоа се препознава, рече Стојаноска.

Реклама

Стојаноска истакна дека вложувањето на жените е дупло, заради посветеноста кон работата но и кон семејството.

– Во оваа амбиентална средина можеби е дупло вложувањето на жените, особено во политиката, бидејќи добар дел од нас се максимално посветени како на работата така и на домот и на семејството, во Македонија сеуште за жената е многу поголем ангажманот доколку се нафати да биде и политичарка, рече Стојаноска.

Пратеничката заклучи дека жените политичарки можат да се остварат во професионалниот ангажман со поддршка од семејството.

„Жртвата е голема, ама сепак кога е целта возвишена, мислам дека не треба да се откажуваме. И можеме да постигнеме, дали со поддршка од сопругот дали со поддршка од родителите и од поширокиот дел на семејството. Ние сме пред се традиционална партија којашто не смее да го запостави семејството, тоа се моите животни принципи и сметам дека исто толку битно и професионалниот и семејниот ангажман, бидејќи доколку ги изгубиме семејните вредности или дозволиме да ги изгубиме барајќи си било какви оправдувања тогаш нема ништо да постигнеме. Семејството е основната клетка на постоењето“, заклучи Стојаноска.