Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Сто лица добиле поддршка во 2025 од регионалниот Центар за поддршка на жртви на семејно насилство во Кавадарци 

Сто кориснички добија поддршка во 2025 година преку услугите на Регионалниот советувалиштен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сто кориснички добија поддршка во 2025 година преку услугите на Регионалниот советувалиштен центар за жртви на родово базирано насилство во Кавадарци. Од нив, 30 се нови барателки, кои првпат се обратија за помош. Осум млади се евидентирани како деца што доживеале траума како резултат на семејно насилство – директно или индиректно, информираат од Центарот.

– Овие податоци ја потврдуваат реалната потреба од достапни, навремени и доверливи услуги за жртвите на родово базирано и семејно насилство. Зад секоја бројка стои човечка приказна и потреба од сигурност, поддршка и заштита. Регионалниот советувалиштен центар продолжува со посветена работа во насока на психосоцијална поддршка, советување и зајакнување на жртвите, со посебен фокус на заштитата на децата како најранлива категорија – посочуваат од Центарот.

Од таму нагласуваат дека помошта е достапна, а поддршката е доверлива.

Реклама

– Заедно градиме простор во кој храброста да се побара помош се претвора во сила за нов почеток – додаваат од Центарот.

Спас од насилство во 2024 година, пак, побарале 35 жени во Регионалниот советувалиштен центар во Кавадарци. На 240 припаднички на понежниот пол им биле потребни услуга или совет од социјалната работничка, 35 ја користеле помошта од психолог психотерапевт, а 93 жени побарале бесплатно правно советување.

Регионалниот советувалиштен центар работи во согласност со стандардите на Министерството за социјална политика, демографија и млади, а раководено е од Здружението за родова еднаквост „Визија“ од овој град. Советувалиштето нуди услуги за сите жртви на насилство. Функционира регионално и финансирано е од општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија. Центарот постои од 2022 година.