Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Стаменкоска Трајкоска: Македонија повеќе од деценија е во фертилитетна рецесија, време е да го смениме начинот на размислување

Македонија повеќе од деценија е во фертилитетна рецесија. Повеќе од една деценија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија повеќе од деценија е во фертилитетна рецесија. Повеќе од една деценија бројот на новородени рапидно се намалува, а само за последните 4 години Македонија изгуби еден град со големина на Кавадарци, изјави Бети Стаменкоска Трајкоска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако во 2016 година сме имале 23.000 новородени дечиња, сега имаме 16.737. Годишно, во 2024 година се родиле 9.000 дечиња помалку од 2016 година.

Статистиките се уште попоразителни, ако се погледне и бројката на морталитет. Имено во 2024 година родени се 16.737 дечиња, а починале 20.187 луѓе. Тоа значи дека починале 3.500 луѓе повеќе отколку што се родиле.

Реклама

Но не било секогаш така, стапката на фертилитет во 1950 година била 5.7, што е 4 пати повисоко од денешните 1.5.

Да појасниме за да има природен прираст на населението стапката на фертилитет мора да биде над 2.1.

Бројките се сурови. Македонскиот народ подолг период полека изумира. И за тоа да се запре потребни се итни чекори. Покрај мерките и стимулансите, потребна е и промена на начинот на размислување, потенцира Бети Стаменкоска Трајкоска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога сме кај делот на мерките како влада предвидуваме сет мерки, како што се 6 инвитро бесплатни процедури, стимулација за прво и второ родено дете, ослободување на мајката од персонален данок на доход од една година за првородено дете, две години за второ родено дете, за трето и повеќе секоја година е ослободена, се додека првото не стане полнолетно.

Воедно како партија и како политичари сме должни да отвори јавна дебата, за да го стимулираме растот на фертилитетот, со цел зголемување на наталитетот“, Бети Стаменкоска Трајкоска.