Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Економија

Средба со бизнис-секторот во Делчево: најавено формирање локален економски совет

Во Делчево денеска се одржа средба меѓу градоначалникот на општината Иван Гоцевски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Делчево денеска се одржа средба меѓу градоначалникот на општината Иван Гоцевски и претставници на бизнис-секторот, на која беа отворени повеќе прашања поврзани со актуелните предизвици и идните насоки за локалниот економски развој.

-На средбата беше истакнато дека проблемите со кои се соочуваат стопанствениците и локалната заедница се заеднички и дека нивното решавање треба да биде навремено, преку директна комуникација и континуирана соработка. Како еден од клучните чекори беше најавено формирање локален економски совет, кој ќе овозможи побрзо разгледување и решавање на отворените прашања меѓу бизнис-заедницата, општината и другите надлежни институции, истакна Гоцевски.

Во фокусот на разговорите беа и новиот Генерален урбанистички план, можностите за унапредување на безбедносните и туристичките капацитети, како и креирањето долгорочна стратегија за развој на стопанството во наредните четири години.

Реклама

-Беше нагласена потребата од јасна платформа која ќе овозможи поблиска соработка со компаниите и подобрување на условите за работа и инвестирање. Соговорниците се согласија дека дијалогот треба да продолжи и во наредниот период, при што беше најавено дека нова средба може да се одржи во краток рок, со цел конкретно да се утврди правецот на понатамошните активности, подвлече Гоцевски.

Од средбата беше порачано дека развојот на локалната економија е во интерес и на институциите и на бизнис-заедницата, а заедничката соработка е клучна за создавање одржливи решенија во интерес на граѓаните на Делчево.