Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Средба Димитриеска-Кочоска-Винички: Поддршката за буџетските процеси од Трезорот на САД е клучна за реформите во управувањето со јавните финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари работен состанок со Џејсон Винички, заменик-директор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари работен состанок со Џејсон Винички, заменик-директор за буџет и финансиска одговорност во Канцеларијата за техничка помош-ОТА на Министерството за финансии на САД.

На состанокот, како што информираат од Министерството за финансии, се разговараше за унапредување на буџетските процеси во рамки на Реформската агенда и имплементацијата на Законот за буџети, при што беше нагласено дека поддршката од Канцеларијата за техничка помош (ОТА) при Трезорот на САД има клучна улога во повеќе сегменти на планирањето и извршувањето на Буџетот, како и во унапредувањето на буџетското сметководство.

Министерството за финансии, со поддршка од Трезорот на САД и Канцеларијата за техничка помош – OTA, континуирано работи на зајакнување на институционалните капацитети и изградба на модерен и силен систем на јавни финансии.

Реклама

Во рамки на соработката, системот за буџетско планирање Министерството за финансии, неговата структура, класификации и процеси – првично e развиен со техничка помош од САД и претставува цврста основа врз која денес се гради современо управување со јавните финансии.

Преку оваа техничка соработка досега се подготвени нацрт-верзии на сите клучни буџетски класификации: економска, функционална, програмска, организациска, како и класификацијата според извори на финансирање.