Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Советот на јавните обвинители ја разреши контроверзната Вилма Рускоска од функцијата обвинител

Од најмноќна обвинителка до оцрнета пензионерка фрлена како стара искористена крпа. Заврши…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од најмноќна обвинителка до оцрнета пензионерка фрлена како стара искористена крпа. Заврши кариерата на Вилма Русковска. Важеше за блиска до СДСМ, но крајот ја снајде кога ги чепна ДУИ.

27 април април, Империја,  Рекетот на Боки 13, листата на судски процеси во кои гонеше е огромна, но ја сопре предистрага во финансиска полиција против тогашниот директор, Арафат Муареми.

Рускоска повеќе не е обвинител. Едногласно, со 10 гласа ЗА, Советот на обвинители одлучи да го прифати предлогот на државниот обвинител Љубомир Јовевски и да ја разреши од обвинителска функција. Како поранешната шефица на СЈО Катица Јанева која заврши неславно, така и Русковска после гонење во мега судски процеси поврзани со политички личности и настани, колегите и пресудија и таа повеќе не е обвинител. Претседателката на советот не откри кои повреди ги направила Русковска и инсистираше јавноста да ја чека одлуката која ќе била во догледно време ставена на сајтот.

Реклама

„Писмено изработена одлука ќе биде објавена на веб траната на Советот на Јавни обвинители и ќе се запознаете со неа. Разрешувањето е поради сторена тешка повреда“, рече претседателката на Советот.

Русковска не се појави на седницата, но најави дека нема да се жали на одлуката туку ќе покрене постапка за пензионирање.

Дисциплинската беше поведена поради претресот во финансиска полиција во времето на директорувањето на Арафат Муареми поради сомнение за лажирање истраги и наводна уцена на бизнисмени за пари.

Имено, претресот од пред година ипол во финанскиска полиција ги скара Русковска и поранешниот директор Муареми. Откако тој и поднесе кривична, таа беше суспендирана од работа, се до денеска кога и официјално е разрешена.

Јавноста ја памети не само по судските процеси во кои гонеше поранешни политичари и јавни функционери, туку и по славната изјава дека судиите ќе ги стресе од гаќи зашто одлучиле Катица Јанева да ја пуштат од затворски во домашен притвор.

Во претресот учествуваа уште две обвинителки. Ивана Трајчева на денешната седница беше казнета со 30 % од плата во наредните шест месеци, а за обвинителката Елизабета Јосифовска дисциплинската е отфрлена и таа од неодамна е шеф на гостиварското обвинителство. Отфрлувањето на дисциплинската против неа е ден пред дипломирањето на нејзината ќерка на Академијата за судии и јавни обвинители.