Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Со притворот на уставобранителот Давидовски се прекршуваат повеќе домашни и меѓународни правни акти

Флагрантно кршење на основните права на одбрана на Дејан Давидовски – Дешо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Флагрантно кршење на основните права на одбрана на Дејан Давидовски – Дешо е одредениот притвор од 18 декември 2017 година кој се примени вчера кога тој стапна на македонска територија. Бранителот на Девидовски поднесе жалба по мерката која му е определена од судот во негово отсуство на барање на обвинителството. Адвокатот Тони Менкиновски за Алфа вели дека со притворот се прекршуваат повеќе домашни и меѓународни правни акти. 

  • Според одбраната Решението КОК 384/17-24 на судијата на претходна постапка при Одделение за организиран криминал и корупција при Основен кривичен суд Скопје, претставува пример за флагрантно кршење на основните права на одбрана на секој обвинет/осомничен во кривична постапка, предвидени и уредени во Уставот на Р. Македонија, Законот за кривичната постапка како и Европската конвенција за заштита човекови права“ вели Менкиновски – адвокат.

Во 2017-та година судии од скопскиот Кривичен суд му определиле мерка притвор на Давидовски која ќе стапи на сила веднаш кога ќе биде достапен на органите на прогонот во Македонија. Обвинителството за него има отворено истражна постапка, но Давидовски кој е во притвор во Шутка – пред судот ќе треба да си ја презентира својата одбрана и доказите.

Давидовски е осомничен за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Тој пред пет години беше уапсен на аеродром во Шведска бидејќи по него трагаше Интерпол, но набрзо беше ослободен од тамошните власти и не беше екстрадиран во Македонија. Според шведскиот Врховен суд,  не постојат доволно докази дека сторил дело тероризам, а во нивното образложение имаше и заклучок дека ако се врати во Македонија нема да му се суди фер и законски.

Реклама

Давидовски во интервју за Алфа пред две година сведочеше дека судиите во Шведска едноставно се смееле гледајќи за што во Македонија се води судски процес за вакво тешко кривично дело.

  • Тоа не е тероризам туку обичен бунт, значи така го толкуваат во пресудата. Сите сознанија што ги прибираа, докази. Се смееја на нашите политичари тероризам што е делото, меѓутоа се има завршница. Делото ни најмалку не е тоа дело тероризам. Понискиот ранг на судии, па после и Врховниот Суд, петте судии кога одлучуваа, тероризам им беше многу смешно на нив“, изјави Давидовски на 26.04.2022 во интервју за Алфа.

Давидовски уште тогаш рече дека  не се чувствува како терорист, изразувајќи надеж дека правдата брзо ќе дојде и сите осудени за 27 април ќе бидат на слобода. Според него политичарите кои го измонтирале ова дело, секогаш ќе живеат со тежината на себе, бидејќи се работело за човечки судбини.