Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Сиљановска-Давкова: Во 2026 година очекувам создавање поповолна бизнис-клима, стабилен раст и подобар стандард за граѓаните

Живееме во време на глобални геополитички и економски предизвици. Периодот на закрепнување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Живееме во време на глобални геополитички и економски предизвици. Периодот на закрепнување по КОВИД-пандемијата, инфлациските притисоци и енергетската криза оставија длабоки траги врз економиите низ светот, а нивното влијание не не одмина и нас. Како дел од регионалниот, европскиот и глобалниот пазар, македонското стопанство е изложено на овие турбуленции. Затоа, улогата на државата е клучна во создавањето соодветни претпоставки за брзо престројување, развој и системска поддршка на бизнисот. Искрено посакувам и очекувам, 2026 година да биде насочена кон создавање поповолна и поконкурентна бизнис-клима што ќе резултира со стабилен раст и подобар стандард за граѓаните, рече денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова пред врачувањето на признанието „Македонски квалитет“ за 2025 година што го доделува Сојузот на стопански комори (ССК) под нејзино покровителство.

Претседателката напомена дека наградите не се случаен подарок, туку логична последица на стратегиско размислување и системско вложување во креативен човечки капитал, во современи техники и технологии.

-Препознаваме, афирмираме и наградуваме вредности како стандард, квалитет, одговорност и посветеност. Наградите потврдуваат дека успехот е резултат на визија, истрајност, знаење и храброст. Компаниите што ги наградуваме ги персонифицираат зрелоста и потенцијалот на македонското стопанство да креира одржливи модели на раст, да генерира иновации и да одржува динамична, но стабилна бизнис клима. Нивната адаптибилност кон променливите услови, нивната способност да ги надминуваат предизвиците и да останат доследни на високите стандарди и критериуми за квалитет дури и во тешки околности, ги издвојува како вистинска движечка сила на економскиот и општествениот напредок, потенцира Сиљановска-Давкова.

Реклама

Како што истакна во обвраќањето, резултатите што ги постигнале најдобрите компании се јасен доказ дека македонското стопанство располага со капацитет за конкурентност, иновативност и прогрес.

-Тие покажуваат дека во амбиент во кој се негува стабилна и предвидлива бизнис клима, вложен труд и знаење, неминовно прераснуваат во триумф. Нивниот пример сведочи дека доследноста, истрајноста и решителноста да се остане посветен на борбата за повисок квалитет, водат кон поголема продуктивност, кон отворање нови можности и создавање долгорочна перспектива. Овие успеси имаат повеќеслојно значење. Тие не се сведуваат само на висината на остварениот профит, туку подразбираат додадено знаење, иновативност, поттикнување и негување на претприемачкиот дух, како и придонес кон општото добро и благосостојбата Секоја наградена компанија не е само изолиран, уникатен индивидуален успех, туку е темел за идни слични и поголеми успеси и нови дострели, инспирирани и потпрени на претодхните, нагласи претседателката.

Пред присутните се обрати и претседателот на ССК, Горан Ѓорѓиевски.

-Македонското признание за квалитет е симбол на високи стандарди, професионалност и визија за одржлив развој на нашето стопанство. Во современиот и силно конкурентен свет, квалитетот повеќе не е извор, туку неопходност. Значи доверба кај потрошувачите, стабилност на компаниите и долгорочна конкурентност на националната економија, подвлече Ѓорѓиевски.

Според него, компаниите што денеска ги добиваат наградите се пример како преку континуирано унапредување, иноваци и вложување во човечкиот капитал може да се создаде додадена вредност и позитивно влијание врз општеството.

-ССК останува силен поддржувач на сите иницијативи кои го поттикнуваат квалитетот, примената на меѓународните стандарди, дигитализацијата и зелената транзиција. Нашата цел е да создадеме поволна деловна клима во која македонските компании ќе можат успешно да се развиваат, да извеузват и рамноправно да се натпреваруваат на регионалните и глобалните пазари, истакна Ѓорѓиевски.