Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Штип се подготвува за Новогодишниот базар

На шеталиштето „Ванчо Прќе“ во Штип денеска се поставуваат дрвените куќички, кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На шеталиштето „Ванчо Прќе“ во Штип денеска се поставуваат дрвените куќички, кои ќе бидат дел од Новогодишниот базар, кој почнува на почетокот на декември. Во овие дрвени куќички на шеталиштето ќе се продаваат храна, пијалоци, новогодишни украси и сувенири. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов најави дека во декември и јануари ќе има богата програма за Новогодишните и Божиќни празници, за што на шеталиштето ќе се постави и бина.

-Ќе има богата забавна, културна, уметничка програма со која ќе се анимираат најмладите, возрасните, жителите на нашиот град, но верувам дека вниманието ќе биде свртено кон нас. Штипјани заслужуваат предновогодишните и божиќни празници да добијат една позитивна атмосфера, да се почувствуваат посреќно, позадоволно и поубаво во сопствениот град, вели Јорданов.

Во тек е и новогодишното украсување низ централното градско подрачје, мостовите, булеварите низ градот, а ќе се постават и неколку елки низ градот Штип. За дочекот на Новата 2026 година во Штип ќе има музичка програма и други содржини, кои ги предвидува општината.