Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Шести ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, седницата продолжува по паузата

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска шести ден расправа по амандманите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска шести ден расправа по амандманите за Предлог-буџетот за 2026 година. Во текот на денешната расправа беа разгледани осум амандмани, но не добија поддршка, а главно се однесуваа и беа поврзани со сферата на социјална политика. 

Беа разгледани пет амандмани, поднесени од СДСМ, коишто меѓу другото се однесуваа на обезбедување средства за капитални инвестиции во делот на социјална заштита, односно изградба на домови за стари лица и дневни центри, односно објекти од областа на социјална заштита, за трансфери кон заштитните друштва, за зголемување на месечниот надоместок за 2026 година за 10 проценти на правата од социјална заштита согласно Законот за социјална заштита и Законот за социјална сигурност на стари лица, и средства наменети за отпочнатите инфраструктурни објекти во единиците на локалната самоуправа во 2025 година, но и за почнување нови проекти во 2026 година во делот на детска заштита.

Поднесените амандмани од пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил се однесуваа на обезбедување средства за изградба и одржување на објекти за домување на стари лица, зголемување на ставката за трансфери до Фондот за здравствено осигурување со цел потоа преку законско решение да се зголеми периодот на породилно отсуство од девет на 12 месеци, како и зголемување на средства за додатокот за туѓа нега.

Реклама

Амандманската расправа треба да продолжи попладне по завршувањето на работната средба на тема„ Насилство врз жените во политиката и изборите Линија „Биди безбедна“ локални избори 2025 – предизвици и понатамошни чекори“, која е во организација на на Клубот на пратенички во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) Канцеларија Скопје и Центарот за интернет, развој и добро управување.

За Предлог-буџетот се поднесени околу 200 амандмани. Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5, а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП. Државата планира 374,7 милијарди денари вкупни приходи, 413,9 милијарди денари вкупни расходи, како и 40,5 милијарди денари капитални инвестиции.

Пленарната седница на која ќе се разгледува Предлог-буџетот за 2026 година, според најавите, е планирано да се одржи на 9 декември.