Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Села го оспори законот за „Безбеден град“ пред Уставниот суд

Зијадин Села од Алијанса за Албанците денеска до Уставниот суд поднесе иницијатива…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зијадин Села од Алијанса за Албанците денеска до Уставниот суд поднесе иницијатива за оценување на уставноста на Законот за прекршоци, чие усвојување беше неопходно за функционирање на системот „Безбеден град“. Според Села, законот требало да биде предложен од Владата и да биде предмет на широка јавна расправа, наместо да биде предложен од пратеници и да се носи по скратена постапка.

На прашањето зошто амандмански не реагирале пред гласањето во Собранието во петокот, Села повтори дека ваков закон не требало да се носи во брза постапка, бидејќи тоа оневозможило детално разгледување на законските решенија.

Тој укажа дека законот не предвидува пораките што „Безбеден град“ ги испраќа до граѓаните за сторен прекршок да бидат двојазични, односно се испраќаат само на македонски јазик, со што, како што рече, се прекршува Законот за употреба на јазиците. Во оваа смисла, Села забележа дека е несериозно казните да пристигнуваат преку порака, бидејќи не постои законска обврска граѓаните да имаат мобилен телефон или електронска пошта.