Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Седница на Генералниот совет на Демократска унија за интеграција

Вчера, во општина Липково, се одржа четвртата седница на Генералниот совет на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вчера, во општина Липково, се одржа четвртата седница на Генералниот совет на Демократска унија за интеграција. Претседателот Али Ахмети ја свика оваа седница со цел да се дискутира за актуелните политички случувања во земјата, како и за понатамошната внатрепартиска организација во функција на овие случувања, се вели во соопштението од ДУИ.

Во рамки на седницата беше направена анализа на политичката состојба во земјата. Со загриженост беа разгледани тенденциите за нарушување на Охридскиот мировен договор, што може да има сериозни последици за стабилноста на државата. Бараме од иницијаторите и спроведувачите на овие дејствија да се повлечат од истите и да се продолжи со целосно почитување на Охридскиот мировен договор, како единствен пат кон стабилност и напредок на земјата кон целосно членство во Европска Унија.

Исто така, со загриженост беше констатирано дека од страна на власта се ставаат на таргет поранешни градоначалници кои доаѓаат од редовите на Демократската унија за интеграција, како г. Блерим Беџети и г. Фатмир Дехари. Демократската унија за интеграција не е против институционален надзор и ревизија, но силно се спротивставува на политичкиот притисок и политизираниот пристап. Ние сме за контрола и транспарентност, но не и за селективна и политички мотивирана правда, како што се случува со случаите во Сарај и Кичево.

Реклама

На оваа седница се дискутираше и за случувањата во регионот и пошироко. Во однос на Европа, беше нагласено дека случувањата во Унгарија и изборите во оваа земја членка на ЕУ имаат влијание и врз Западен Балкан. Додека пак за случувањата на Блискиот Исток, Демократската унија за интеграција ги следи со голема загриженост, сметајќи ги како ризик за глобалниот мир сите идеологии кои настојуваат да го прошират своето влијание преку сила, особено преку нуклеарно оружје.

Во овој контекст, изразуваме јасна поддршка за ангажманот на Соединетите Американски Држави како наш стратешки партнер во зачувувањето на стабилноста на Блискиот Исток и се надеваме дека преку дијалог и преговори ќе се постигне одржлив договор, ставајќи ги мирот, безбедноста и стабилноста во прв план.

Исто така, на оваа седница сите претседатели на ограноците поднесоа извештаи во врска со процесот на одржување на собранијата на подограноците, како и подготовките за организирање на собранијата на ограноците, процес кој се очекува да се заокружи со нови и репрезентативни состави на партиските структури.