Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Економија

Се работи на документација за акредитирање нови ИПАРД мерки, “чистите” проекти ќе ги поддржи државата

Платежната агенција продолжи тековно да функционира. Не можам да кажам кога ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Платежната агенција продолжи тековно да функционира. Не можам да кажам кога ќе има нови ИПАРД повици, но знам дека веќе се работи на подготовка на документација за акредитирање нови мерки, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

На брифинг со новинарите, Трипуновски информира дека идниот месец ќе замине на средба во Брисел која е веќе најавена.

-Во однос на воочените забелешки од Брисел, не можам да кажам кога ќе се случи одблокирање и продолжување на целиот процес, но важно е дека се работи на документација за акредитирање нови мерки. За “чистите” ИПАРД апликации што веќе се одобрени и се реализираат, најверојатно ќе излезе во пресрет државата и ќе ги поддржи, а потоа тие средства ќе се компензираат со европските средства од ИПАРД, истакна министерот.

Реклама

Во врска со актуелните поплави во земјава, во делот на земјоделството, Трипуновски информира дека по санирање на штетите, ќе се врши проценка. Сега, како што напомена, МЗШВ е фокусирано на процесот на санација, заедно со АД Водостопанство.