Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

СДСМ: Наместо да го штити Владата да го повика Трипуновски на одговорност за скандалот со ИПАРД средствата

Две недели по обелоденувањето на мега-скандалот со ИПАРД средствата, министерот Трипуновски бега…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Две недели по обелоденувањето на мега-скандалот со ИПАРД средствата, министерот Трипуновски бега од одговорност и од вистината за суспензијата на над 130 милиони евра европски пари, се наведува во соопштението од СДСМ.

Дополнително, наместо конкретни одговори, тој на официјално барање од собраниско тело испраќа документ без содржина, без причина за суспензијата, без рокови, без план како да се надмине кризата. Едно големо ништо.

Тоа е срам, тоа е навреда за 3.000 потенцијални нови бизниси, за 10.000 работни места кои сега се блокирани, и за сите земјоделци кои со години вложуваат труд, кредити и лични пари за да ги реализираат своите инвестиции.

Реклама

Прашањето е зошто владата го штити Трипуновски за мега скандалот со ИПАРД средствата?

Наместо да се обидува да го минимизира скандалот владата треба да го повика Трипуновски на одговорност.

Министер кој јавно тврди дека не чувствува одговорност за скандал тежок 130 милиони евра од сопствениот ресор не смее да остане на функција.

Министер кој ја крие вистината од земјоделците и кој го загрозува нивниот опстанок нема кредибилитет да го води земјоделството.