Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Родовата еднаквост – европски стандард и предуслов за напредок на земјава

Родовата еднаквост не е избор, туку европски стандард и темелна вредност за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Родовата еднаквост не е избор, туку европски стандард и темелна вредност за демократско општество, силна економија и кохезија меѓу граѓаните. Ова беше заедничката порака на денешната конференција „Родовата еднаквост како камен-темелник на пристапувањето кон ЕУ“, на која претставници на Владата, Европската Унија и меѓународните организации нагласија дека интегрирањето на родовата перспектива е суштинска задача во процесот на евроинтеграции.

Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, истакна дека еднаквоста е правна обврска, но и интелигентна инвестиција.

-Во Европската унија родовата еднаквост не е споредна тема, туку темелна вредност вградена во европското право. Напредокот во ова поле е предуслов за стабилен и одржлив развој. Ние го прифаќаме овој стандард не затоа што мораме, туку затоа што веруваме во држава без привилегирани граѓани. Министерството што го водам е пример – со родов баланс 50:50 покажуваме дека институциите можат да бидат двигател на еднаквоста. Но, чувството на рамноправност не доаѓа автоматски – се гради, особено во сектори каде жените мора двојно да се докажуваат за нивниот глас да биде слушнат, рече таа.

Реклама

Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, нагласи дека родовата перспектива мора да биде интегрирана во сите поглавја од преговорите.

-Ова не е само европска обврска, туку суштинска потреба за праведно и инклузивно општество. Родовата еднаквост го забрзува економскиот развој, руши стереотипи и создава општество на можности. Без економско и социјално зајакнување на жените не може да има одржливост и благосостојба, порача таа.

Бен Нупнау, заменик-шеф на мисијата на ЕУ во Скопје, предупреди дека интегрирањето на родовата перспектива не смее да остане симболично.

-Тоа ја зајакнува правичноста и одржливоста на реформите. Македонија направи напори, но празнини постојат, а родовата политика често е подредена на други приоритети. Затоа е потребно јакнење на институциите, соработка со граѓанското општество и промовирање родово лидерство. ЕУ останува посветен партнер за да ја направиме еднаквоста реалност за сите, рече тој.

Весна Ивановиќ-Кастаред, раководителка на канцеларијата на UN Women, потсети дека родовата еднаквост е основен предуслов за функционална демократија.

-Родовата еднаквост е основен предуслов за функционална демократија, одржлива економија и инклузивно управување. Земјите-членки на Европската Унија се очекува да демонстрираат правна и институционална посветеност за еднакви можности и права, во согласност со европските стандарди за еднаквост, посочи таа.

Конференцијата што денеска се одржува во Скопје е посветена на улогата на родовата еднаквост како клучен елемент во процесот на пристапување на Македонија кон Европската Унија.

Настанот ги обедини институциите, експертите, меѓународните организации и граѓанскиот сектор со цел да се разгледаат предизвиците, обврските и можностите за интегрирање на родовата перспектива во сите фази од евроинтеграциите.