Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Реакција на МАКОТЕН ДООЕЛ на наводите на ДУИ за изградба на казино на гробиштата на Блаце

Секое тврдење дека имаме цел да нарушиме нечие достоинство или да загрозиме…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секое тврдење дека имаме цел да нарушиме нечие достоинство или да загрозиме земјиште каде што има гробишта е чиста клевета со која недозволиво, за сурови политички интереси, се манипулира со најдлабоките верски чувства, соопшти  МАКОТЕН ДООЕЛ по наводите на ДУИ дека на гробиштата на Блаце се гради објект за игри на среќа.  „Казино Фламинго“ не црта градежни парцели, ниту се занимава со урбанистичко планирање, се наведува во реакцијата.

Во врска со денешната прес-конференција на Имране Велиу од политичката партија Демократска унија за интеграција – ДУИ, каде се споменува нашиот корпоративен бренд „Казино Фламинго“, сакаме да го потенцираме следното:

МАКОТЕН ДООЕЛ е компанија со странски капитал кој доаѓа од земја членка на ЕУ и секоја инвестиција реализирана во Македонија се прави исклучиво во согласност со позитивните законски прописи. „Казино Фламинго“ веќе 19 години приредува игри на среќа во хотелски комплекс на граничниот премин Богородица и речиси 6 години во срцето на Скопје во хотелот Мериот во деловен објект кој е наша сопственост.

Реклама

МАКОТЕН ДООЕЛ е дел од Групација „Новоматик Македонија“. Вкупната вредност на досега реализираните инвестиции надминува 80 милиони евра. Во континуитет поддржуваме разни граѓански иницијативи, проекти и реализираме бројни хуманитарни и донаторски активности. Манифестираме висока општествена одговорност преку хуманитарни и спонзорски активности во најзначајните општествени сфери, јавното здравство, спортот и културата.

Оттука, ја уверуваме јавноста дека како и досега, така и во иднина, нема со кој било нов инвестициски проект да си го нарушиме нашиот корпоративен углед на сигурен партнер на заедницата. „Казино Фламинго“ не црта градежни парцели, ниту се занимава со урбанистичко планирање. Секое тврдење дека имаме цел да нарушиме нечие достоинство или да загрозиме земјиште каде што има гробишта е чиста клевета со која недозволиво, за сурови политички интереси, се манипулира со најдлабоките верски чувства.

Земајќи го предвид погоре наведеното, апелираме да престанат суптилните обиди за злоупотреба на светски познатиот бренд „Казино Фламинго“ во дневнополитички препукувања за да избегнеме неоснована штета врз нашиот корпоративен углед.