Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Прилози

Автопатот од Прилеп до Битола се гради интензивно – Николоски на средба со бизнисмените од Пелагонискиот регион

Пробиена половина од трасата на автопатот „Прилеп-Битола“. Автопатот се гради со засилена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пробиена половина од трасата на автопатот „Прилеп-Битола“. Автопатот се гради со засилена динамика и според предвидениот план. На терен работат повеќе од 75 машини, а паралелно се изведуваат и мостови, потпатници и клучки. До напролет идната година ќе се вози по првите асфалтирани километри од новиот автопат, а до пролетта 2029 година целиот автопат комплетно треба да биде готов.

„На тоа се надоврзуваат и разговорите кои што интензивно ги водиме и очекувам во текот на месеците јуни или јули да излеземе со конечното решение за продолжување онаму каде што застанавме, а тоа е после тунелите кај Фариш. Веќе го пуштивме експресниот пат кој што води од Градско до Дреново и од Дреново до Фариш, сега треба да го завршиме и делот кој што оди од Фариш до Прилеп, односно да го решиме Плетвар и на тој начин до Битола да имаме целосно автопатско решение“, нагласи Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски.

Додека трае изградбата на автопатот Прилеп-Битола, од летово ќе биде воведена и редовна железничка линија Прилеп-Битола-Жабени, по симболична цена од 150 денари за повратна карта, со цел растоварување на патната траса од автопатот која е во изградба.

Реклама

Како дел од Коридорот 10Д, патната и железничката инфраструктура е од клучно значење за бизнисите од пелагонискиот регион. Реализацијата на автопатот Прилеп-Битола во должина од 40 км, потоа на обиколницата Битола-Меџитлија, долга 19 км, како и на 7-километарската обиколница Ресен-Охрид, но и на гасификацијата и изградбата на регионалната депонија во Новаци, се само дел од проектите за кои стопанствениците од Битола и Прилеп денеска разговараа на средбата во Битола со вицепремиерот Александар Николоски.

„Она што е најзначајно за овој регион се пет наши точки и сакаме денеска да ги зацврстиме. Тие се петте наши барања – прво, инфраструктурата, за кое што јас постојано зборувам – не се греши да се инвестира во инфраструктура. Колку и да се вложи, таа се враќа… Автопатот Прилеп-Битола да му дадеме побрз акцент, многу ни значи тој развој. Второ – проект за автопат Дреново-Прилеп, многу значаен. Трето, исто обиколница Битола-Ники, која е значајна да се поврземе на Д10 со „Виа Игнација“, изјави Мирко Велковски, претседател на Регионалната стопанска комора – Битола.

Вицепремиерот Николоски кажа дека веќе се обезбедени околу 175 милиони евра за доизградба на автопатот Кичево-Охрид, преку петте најголеми банки во Македонија: Комерцијална, Стопанска – Скопје, НЛБ, Халк банка и Шпаркасе.