Реклама

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Мицкоски го обвини Абази за „амнестијата“ на Филипче, граѓаните гневни, лидерот на СДСМ ликува и бара извинување

Статистика: Просечната плата за една година пораснала за над 6%

Паранојата на Филипче ги надмина сите граници: Наместо одговор на најлегитимно прашање, нови закани и навреди кон Алфа

Први случаи на Западно-нилска треска во Центар и Чаир, позитивен и угинат гавран

6.800 денари наспроти 540 денари – Мицкоски со споредба за пензиите

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Македонија

Расправата за ребалансот продолжува утре

Расправата за ребалансот на Буџетот продолжува утре во матичната Комисија за финансирање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расправата за ребалансот на Буџетот продолжува утре во матичната Комисија за финансирање и буџет. Денеска на првиот ден од расправата, пратениците од власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за тоа кој повеќе направил на економски план за државата. За пратениците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот е реален и гарантира економски раст и подобрување на животниот стандард, а за опозицијата е доказ дека е направена краткорочна политичка пресметка и серија популистички мерки.

Според пратеникот Александар Јамалов од ВМРО-ДПМНЕ, ребалансот создава економски можности, а гласањето за него е поддршка за стабилноста, развојот и правичноста.

Јамалов посочи дека е подобрена наплатата, зголемени се даночните приходи, социјалните трасфери, буџетскиот дефицит е намален, а има и зголемено отплаќање на старите долгови.

Реклама

– Овој ребаланс е доказ дека знаеме каде одиме. Гласањето за ребалансот е поддршка за стабилноста, развојот и правичноста, рече Јамалов.

Пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ во реплика на Јамалов потсети дека ребалансот се прави на буџет којшто е креиран од страна на актуелната власт и дека е доказ оти се направени лоши проекции.

– Неспорно е дека ребалансот ќе биде изгласан, но заборавате една суштинска разлика – овој ребаланс е направен на ваш буџет, а заклучокот е дека сте имале лоши проекции претходно. Сте направиле промашување, реалноста е таа. Нема оправдание што било и како било, 365 дена веќе имате Влада, наше е да ве крититуваме, а ваше е да се браните, но бидејќи немате аргументи сега, ќе се навраќате кон нешто што не е суштинско за ребаланс, рече Битиќи.

Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а расходите на износ од 403,7 милијарди денари, по еден процент (околу 3,5 милијарди денари) повеќе во однос на иницијалните проекции со планот за годинава.  Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата е проектирана на ниво од 2,8 проценти. Буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП. Капиталните расходи, пак, на износ од 47,5 милијарди денари. Државниот долг на крајот на 2025 година според проекциите на Владата ќе изнесува 53,3 проценти од БДП, а јавниот долг се очекува да биде на нивото од 62,1 процент. Стапката на невработеност се очекува да се намали на ниво до 11,1 проценти во 2025 година, а стапката на вработеност да достигне 47 проценти.

За ребалансот поднесени се над 200 амандмани, од кои 160 од опозициската СДСМ.