Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Рамиз Мерко „не ја ферма“ Владата за дивоградбите

Ако градоначалникот Рамиз Мерко ја смета Струга за кантон во кој не…

Сподели:

Ако градоначалникот Рамиз Мерко ја смета Струга за кантон во кој не важи националното законодавтство, тогаш треба ли да веруваме дека во Македонија можеби имаме тајна, односно прикриена конфедерација ? Ако е така, тогаш ние сме ја изгубиле контролата во државата –домашните експерти силно го осудуваат самоволието и волонатаристичкото однесување на Мерко кој вчера отворено и порача на Владата дека нема да ја почитува евентулано донесената одлука за одземање на надлежностите на општините во делот на рушење на дивоградбите.

Дури и обичните граѓани малку со став,но сепак го коментираа однесувањето на нивниот градоначалник кој многу самоуверено и дрско се изјасни дека нема да дозвоел државата да руши и оти Владата ќе реагирала како што ќе кажела локалната власт.Стружани со ова покажал дека не ги почитува своите сограѓани и оти не го застапува нивните интереси.

Анкета:1. Дражава,држава овде ништо нема ич само тешко овој народ.Со ова што беше сега, милионерите се направија милијардери, а оние сиромашните веќе пропаднаа начисто, ова е ништо ; 2.Подеднакво за сите треба да биде владеењето на државата, не може на своја добра воља да се искажеме само,кој како ќе помисли така да работи.Треба градоначалникот да ја слуша државата и институциите? Пред се треба да  и слуша граѓаните што ќе одлучат и институциите нормално. ; 3. Тоа што треба,што наредила државата треба да се почитува; 4. Не сакам Ви кажав ништо да изјавам.Извините, можам да речам нешто што не треба; 5.Сепак не е добро така да рече. Дали сме ние држава во која владеат закони подеднакво за сите ? Види, ние сме и треба да бидеме.Треба да ги слуша сите закони и да ги прати и да ги почитува, она што е донесено да го применува а не да биде спротивно. 

Реклама

Го испитавме пулсот на стружани, прашувајќи ги што мислат-дали во градот на мостовите има дивогрсадби пред кои Мерко замижува ?

Анкетa:1.Санкир може да го спречи некој, никој,никој.Тој е закон, тој е сила, прави што сака, што ќе речеме ние,ништо. Гради, гради, може овде да градам, може.Рушење само кога ќе дојде пред избори, вака така ќе прави и после ќе заборави се; 2.Има и тоа многу .Она што не треба да е гради и треба да се руши нормално.

Мерко тврди дека во Струга немало нити една дивоградба во крајбрежјето.Имало само 262 дивоградби и тоа во селските средини, останатите дивоградби 3.000 на број биле опфатени со законот за легализација.

 Росица Голабоска