Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Продуктоводот за нафтени деривати се очекува да биде ставен во функција оваа година, најави Мицкоски

Владата ги презема сите чекори за ставање во функција на продуктоводот, којшто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата ги презема сите чекори за ставање во функција на продуктоводот, којшто со години не е во функција, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на прашање дали се следи состојбата во соседна Србија со нафтените деривати, како и кога ќе стартува продуктоводот со што би можело да се снабдува јужна Србија со нафтени деривати и државата да заработи пари. Претседателот на Владата, Мицкоски посочи дека како Влада ја разгледуваат секоја можност, но како што вели, „ние како Влада не сме Ационерско друштво, за да ја снабдуваме јужна Србија или другите земји во регионот“.

-Тоа го прават приватни компании, коишто водат бизнис. Ние како држава ги спроведуваме сите чекори тој продуктовод, којшто долги години беше уништуван и којшто беше конзервиран, да биде ставен во функција. Траат испитувањата, мислам дека е веќе завршено. Треба да почнат пробите на притисок, ако не се веќе и почнати. Знам на Влада помина и ценовникот. Така што очекувам оваа година тој продуктовод да биде ставен во функција, изјави Мицкоски.

Тој посочи дека по ставањето во функција на продуктовод од Солун до Скопје компаниите се тие кои доколку најдат интерес да го користат, бидејќи како Влада не можат да го водат бизнисот на сметка на приватните компании или акционерски друштва.