Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Претставници на Македонците учествуваа на средба во Корча посветена на самоидентификацијата на националните малцинства

Во Корча се одржа информативна тркалезна маса со претставници на националните малцинства…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Корча се одржа информативна тркалезна маса со претставници на националните малцинства од Југоисточниот регион на Албанија, при што посебно внимание беше посветено на македонската заедница, како важен дел од ова подрачје, објави Општина Пустец, која територијално припаѓа во округот Корча. 
 
На средбата се дискутираше за значењето на слободната и точна само-идентификација на граѓаните кои припаѓаат на националните малцинства, како важен елемент за гарантирање на нивните права и за креирање по инклузивни јавни политики. 
 

-Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, ја поздрави оваа иницијатива и го истакна целосниот ангажман на општината да биде блиску до граѓаните за време на процесот на самоизјаснување. Тој нагласи дека Општина Пустец ќе стави на располагање, и преку социјалните мрежи, сите потребни материјали за точно информирање и успешно финализирање на овој процес, стои во објавата. 
 
На оваа тркалезна маса учествуваа претставници на македонското малцинство, Марјана Костофски, претставник на македонското малцинство во Комитетот за национални малцинства, што е владин орган, како и Васил Стерјовски и Ефтим Митревски. 
 
Учествуваа претставници и на  другите малцинства во регионот, Власи, Египќани, Роми и други, заедно со претставници на јавни институции и организации од граѓанското општество. 
 
Настанот беше во организација од Министерството за внатрешни работи, во соработка со Комитетот за национални малцинства а со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Албанија и Советот на Европа.