Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски на седница на Управниот одбор на ЗЕЛС

Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, денеска присуствуваше на 28-та седница на Управниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, денеска присуствуваше на 28-та седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, на која се дискутираше по повеќе значајни точки од интерес за општините и локалната самоуправа.

Седницата се одвиваше според предвидениот дневен ред, а беше договорено и закажување на Осмата седница на Генералното собрание на ЗЕЛС. Детално се разгледуваа и дискутираа и предлозите за финансискиот, наративниот и ревизорскиот извештај за работата на ЗЕЛС за 2024 година, измените и дополнувањата на буџетот на ЗЕЛС и Планот за јавни набавки за 2025 година.

Тема на дискусија беа и потпишувањето на нови меморандуми за соработка со неколку значајни партнери, како и предложените измени на Законот за урбано зеленило.

Реклама

-Континуираното функционирање на ЗЕЛС како заедничка платформа на сите општини е од клучно значење за унапредување на локалната самоуправа. Денешната седница уште еднаш потврди дека преку отворен дијалог, соработка и споделување искуства, можеме ефикасно да одговориме на предизвиците со кои се соочуваат општините. Ваквите средби се важни затоа што од нив се носат конкретни заклучоци и насоки за делување. Убеден сум дека преку ваков заеднички пристап ќе продолжиме да градиме посилни и пофункционални општини за сите наши граѓани -изјави Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.