Во пресрет на големиот христијански празник Бадник, денеска беа поделени пакети со помош на семејства во повеќе скопски општини – Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар.
Како што објави премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук-профил, целта на акцијата е секое семејство да ја почувствува празничната топлина на својата трпеза.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нè прават посилни“, порача премиерот Мицкоски.

Целата објава може да ја погледнете на следниот линк:
