Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Премиер Албанец ќе има, но тој мора да биде од ДУИ – партиската припадност поважна од националната

Во последните 100 дена, Владата ќе ја предводи Албанец, но тој мора…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во последните 100 дена, Владата ќе ја предводи Албанец, но тој мора да биде од ДУИ. Бујар Османи смета дека договор со СДСМ, односно со тогашниот премиер Зоран Заев, не се однесувал само на тоа дека пред-изборниот премиер ќе биде по националоност Албанец, туку морал да биде од нивната партија. Овој став на првиот дипломат и портпарол на ДУИ, ги урна амбициите на вице-премиерот Фатмир Битиќи, кој е од СДСМ, дека тој може да биде првиот премиер Албанец.

„Договорот за премиер Албанец е постигнат уште при формирање на Владата, дека последните сто дена премиерот ќе биде предложен од страна на ДУИ и тоа очекуваме да се случи. Доколку изборите се заеднички тоа значи дека почетокот на јануари треба да почнат тие сто дена. Премиерот ќе биде предложен од страна на ДУИ“, вели министерот Османи.

Интегративците се убедени дека кога и да се случат изборите ќе победат, па немаат ништо против да се прифати идејата на ВМРО-ДПМНЕ, за споени избори, со цел да не се оптерети буџетот. Според Османи, така ќе се избегне и парализирање на институциите кое несомнено ќе се случи ако има два изборни циклуса во три месеци.

Реклама

„ ДУИ победува во која и да е варијанта. Затоа има едно размислување дека можеби треба да бидат во ист ден и претседателските и парламентарните избори, но отворени сме за сите опции. Одлука нема. Ќе се обидеме да аргументираме со политичките партии чисто од логистичко финансиски аспект дека можеби е тоа подобар пристап“, рече министерот Османи.

Изгледа само СДСМ останува главен кочничар за датумот на избори, и дали ќе бидат споени или одвоени. Се уште нема конкретна информација дали ќе иницираат формирање на работна група во рамки на Собранието, со цел сите политички партии да постигнат консензус околу ова прашање. Во Парламентот, топката уште се префрла од власта на опозицијата и обратно, додека времето ги гази. Ако не се договорат, за 40тина дена, претседателот на Собранието ќе мора да распише избори.