Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Пратениците Адили Емини и Бочварски учествуваа на 68. Генерално собрание на ПАБСЕК во Грција

Делегација на Собранието, составена од пратениците Валбона Адили Емини и Благој Бочварски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегација на Собранието, составена од пратениците Валбона Адили Емини и Благој Бочварски, учествуваа на 68. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК). Собранието се одржува од 23 до 25 ноември 2026 година во Атина, Грција.

Во своето обраќање, како што информираатод собраниската прес-служба, на генералната дебата која се фокусирала на темата „Повеќедимензионалното влијание на вооружените конфликти врз општеството, економијата, животната средина и човековите права“, пратеничката Адили Емини истакнала дека вооружените конфликти остануваат еден од најсериозните предизвици за меѓународниот мир, стабилноста и одржливиот развој, нагласувајќи дека нивните последици далеку ги надминуваат боиштата и оставаат долгорочни политички, економски, социјални и еколошки последици.

Таа го потенцирала разорното влијание на конфликтите врз цивилното население, преку загубата на човечки животи, присилното раселување, разделувањето на семејствата и нарушувањето на образовните и здравствените системи. Истовремено, укажала на сериозните економски последици, меѓу кои уништувањето на инфраструктурата, прекинот на трговските текови и инвестициите, слабеењето на јавните институции и зголемувањето на притисокот врз националните буџети. Адили Емини се осврнала и на загрозеноста на животната средина во услови на вооружени конфликти и потребата од нејзината постконфликтна реконструкција.

Реклама

Таа истакнала дека како парламентарци имаат посебна одговорност во справувањето со овие предизвици. Посочила дека преку парламентарната дипломатија, дијалогот и соработката може да се придонесе кон зајакнување на демократските институции и промовирање мирни решенија.

Во тој контекст, посочила дека Македонија, како членка на НАТО и земја посветена на интеграцијата во Европската Унија, препознава дека безбедноста и економската отпорност се тесно поврзани, а стабилноста на регионот е од суштинско значење за одржливиот развој, инвестициите, поврзаноста и благосостојбата на граѓаните.

Во рамките на 68. Генерално собрание биле разгледани и усвоени неколку извештаи и препораки, кои се однесуваат на климатските промени кај земјите членки на ПАБСЕК, парламентарната поддршка за иновациите, како и законодавните приоди кон научните унапредувања и технологијата, како и за задржување на човечкиот капитал во Црноморскиот Регион: образование, здравствен кадар и дигитални вештини.

Парламентарното Собрание на ПАБСЕК усвоила и Заедничка изјава која се однесува на враќање на украинските децата, како и нивна заштита од незаконска депортација, присилно преселување, индоктринација и милитаризација.

Пленарната сесија на 68. Генерално собрание ја отворила претседателот на ПАБСЕК и претседател на Парламентот на Грција, Никитас Какламанис, кој истакнал дека мирот и безбедноста и во регионот на Црното Море и пошироко не смеат да се земат здраво за готово, туку преку соработка и промоција на дијалогот треба да се негуваат и постојано унапредуваат.

На 68. Генерално собрание на ПАБСЕК учествувале делегации од земјите членки на оваа организација и тоа од Албанија, Ерменија, Азербејџан, Бугарија, Грузија, Грција, Молдавија, Романија, Турција, како и Украина.

На состанокот единствен став бил дека заеднички и преку парламентарната соработка треба да се работи на тоа регионот на Црното Море да стане регион на можности, а не на предизвици.

Претходно, биле одржани подготвителни седници на Бирото на Собранието и Постојаниот комитет на ПАБСЕК. На овие седници, како што наведуваат од Собрание, биле утврдени рамките за работата на Генералното собрание. Разгледани беа извештаите за активностите на ПАБСЕК и сродните институции.