Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Потпишан Договорот за изградба на паркинзи во комплексот клиники „Мајка Тереза“

Министерството за здравство (МЗ) и Град Скопје го потпишаа Договорот за изградба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за здравство (МЗ) и Град Скопје го потпишаа Договорот за изградба на паркинзи во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Договорот е на 15 години, со 10 отсто закупнина од вкупно остварениот промет. Во првата фаза е предвидена изградба на два современи монтажни паркинга, со најмалку 500 паркинг места, кои се очекува да бидат ставени во функција до втората половина на наредната година. Паркинзите ќе бидат, пред се, наменети за пациентите и за вработените во Клиничкиот центар. Планирано е едниот паркинг да биде кај Клиниката за гинекологија, а вториот кај црквата во Клинички, а цените ќе останат исти, нема да бидат променети.

Како што најавија министерот за здравство Азир Алиу и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски пред потпишувањето на Договорот, ако има потреба, ќе биде изграден и трет монтажен паркинг, а доколку се утврди дека капацитетите дозволуваат да се паркираат и приватни резиденти, ќе се овозможи и таква опција.

Паркинзите ќе имаат нов систем за евиденција и наплата преку кои ќе се врши детекција на слободни места и ќе се овозможи полесен и побрз пристап, а пациентите ќе ги користат по досегашните цени и по повластени услови.

Реклама
Министерството за здравство (МЗ) и Град Скопје го потпишаа Договорот за изградба на паркинзи во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Договорот е на 15 години, со 10 отсто закупнина од в

Ова, нагласија Алиу и Ѓорѓиевски, е капитален проект не само за Скопје, туку за цела Македонија и со него ќе се реши досегашниот децениски хаос со паркирањето во Клиничкиот центар.

-Договорот за давање под закуп на недвижни ствари со непосредна спогодба со Град Скопје предвидува организирање, управување, уредување и одржување на паркиралиштата во комплексот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Град Скопје има обрвсрка во следните 60 дена да достави акциски план за спроведување на активностите со конкретни рокови за импелементација. Договорот е на 15 години, со закупнина во висина од 10 отсто од вкупно остварениот промет, а Град Скопје ќе почне со проектирање и изградба на катни гаражи и инфраструктурно уредување. Проектот значи модернизација и значително зголемување на капацитетите за паркирање за околу 50 отсто. Закупецот е должен пред Советот на Град Скопје да предложи ценовник за паркирање со билети за корисници за комерицјална употреба на здравствени услуги, за пациенти со малигни заболувања и за вразбоптените во Клинички. Проектот ќе предвидува комплетен мониторинг на паркирањето и дигитален водич за граѓаните, хортикултурно уредување на просторот, паметен паркинг-систем со сензори за детекција на слободни паркинг-места, мобилна апликација, поврзување со фискален систем…, истакна министерот Алиу.

Според градоначалникот Ѓорѓиевски, наместо приватен инвеститор, паркинзите ќе ги гради Град Скопје што ќе оневозможи поскапување на билетите и остварување бизнис профит.

-Во минатото беа планирани други цели за паркингот на Клинички, особено јавно-приватно партнерство ЈПП) со што интересот на граѓаните ќе беше во втор план зашто кога ќе се случи ЈПП и кога ќе влезе приватен инвеститор и цените ќе се зголемат. Дојдовме до соломонско решение, Наместо приватен, инвеститор ќе биде Град Скопје. Наредната недела, в четврток, ќе правиме ребаланс на Буџетот, а една од точките ќе бидат монтажните паркинзи, два во првата фаза со најмалку 500 паркинг места за почеток. Ако се покаже дека има потреба од повеќе, ќе биде изграден и трет монтажен паркинг. Тоа ќе биде генерално решавање на хаосот што владее со години на Клинички. Ако се утврди дека капацитетите овозможуваат да се паркираат и приватни резиденти, ќе овозможиме и таква опција, но фокусот ќе биде задоволување на потребите на пациентите и на вработните во Клинички. Планираме по ребалансот да биде распишана тендерска постапка – проектирање и изведба. Операторот што ќе го добие тој проект, ќе треба да го заврши во рок што ќе го утврдиме со МЗ, но тоа нема да биде повеќедецениски проект. Се надевам дека до втората половина на наредната година двата монтажни паркинга ќе бидат ставени во функција. Ќе бидат ултра современи, со нов систем за евиденција и наплата, точно ќе се врши детекција на слободни места, ќе се овозможи полесен и побрз пристап и ќе се спречат дополнителните нервози кај граѓаните, подвлече Ѓорѓиевски.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: