Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Попов: 40 милиони евра за самовработување на повеќе од 16 000 лица, младите се приоритет на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани, денеска, повторно младите се во фокусот на Владата. Денеска испраќаме јасна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани, денеска, повторно младите се во фокусот на Владата. Денеска испраќаме јасна порака, Македонија повторно инвестира во младите. Наместо празни ветувања и политички маркетинг, младите добиваат вистинска и конкретна поддршка за работа, сопствен бизнис и кариерен развој, соопшти пратеникот и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов на прес-конференција.

Со доделувањето на решенијата за самовработување од страна на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на младите во Македонија им даваме јасна насока, мотивација и можност за успех. Мерката во вкупна вредност од 40 милиони евра, со која ќе се помогне на повеќе од 16.000 невработени лица, да се вработат и да креираат додадена вредност во општеството, е дел од јасната стратегија на оваа Влада да изгради силна економија, со силни и независни индивидуи.

Од вкупно 6045 апликации, што е рекорден број, 3296 се за лица до 29 години, факт што радува. До сега издадени се 2916 ваучери за изработка на бизнис план, а оценети се 2681, a од нив 1140 се за млади до 29 години. Ова сериозно говори за вратената доверба на младите и препознавањето на искреноста на институциите.

Реклама

Дополнително за ова доказ е и фактот што решенијата се доделуваат на јавен и транспарентен начин, за разлика од порано кога никој не знаеше каде завршиле овие пари и кој ги добил.

Разликата од минатото е евидентна, со искрена заложба и директна поддршка на премиерот Мицкоски, младите не се оставени заборавени и сами на себе. Напротив, тие се во центарот на сите случувања, носители на промените, двигатели на развојот, генерацијата која ќе ја води Македонија напред.

Додека другите зборуваат за иселување и апатија, ние работиме на останување и успех во Македонија. Додека тие шират песимизам, ние отвораме нови врати и можности. Нашата цел е јасна, Македонија да стане место каде сите сакаат да живеат, да работат и да создаваат додадена вредност. За нас, за нашите предци и најважно, за генерациите кои доаѓаат по нас.