Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

Oфицијалните податоци во земјава покажуваат дека речиси 99,8 проценти од собраниот комунален…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Oфицијалните податоци во земјава покажуваат дека речиси 99,8 проценти од собраниот комунален отпад завршува на депонии, принцип којшто одамна е напуштен во Европската Унија каде наместо депонирање, се применува селекција, рециклирање и компостирање. Структурата и количините на отпадот во земјава покажуваат дека потенцијалот за рециклирање, компостирање и копроцесуирање е значителен, но не се реализира поради недостиг од селекција, инфраструктура и системска поддршка.

Потребна е поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија, заклучија учесниците на денешната панел дискусијата „Воспоставување на регионален систем за управување со отпад како основа за циркуларна економија организирана од Македонската асоцијација за управување со цврст отпад.

Министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа, кој присуствуваше на настанот, вели дека посветено се работи на промени на системот за регионално управување со отпад, но дека како и за секоја темелна реформа, е потребна поширока акција од сите вклучени страни.

Реклама

– Отпадот во земјата веќе предолго е отворено прашање, кое мора да добие одржливи решенија. Во светот сите развиени земји се стремат да ги намалат количините на отпад преку селектирање и рециклирање. Нашата национална цел е да се намалат количините на отпад и да се ограничи депонирањето на максимум 65 отсто од комуналниот отпад до 2034 година, нагласи Хоџа.

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад – МАСВА, во која членуваат компании од оваа индустрија и експерти, апелира дека само преку интензивна соработка меѓу сите чинители, може да се направи конкретен исчекор во процесот.

-Создавањето на одржлив систем за управување со отпад, преку селекција, рециклирање и копроцесирање бара интензивни инвестиции и тесна соработка. Системи за селекција, рециклирање и третман на отпад и примена на стандардите на Европската Унија во оваа област, имаат докажани позитивни ефекти за заедницата. Кај нас состојбите се алармантни и мораме да го зајакнеме стручниот пристап и ангажман на сите засегнати страни за да го забрзаме овој процес кој е веќе започнат. Одговорност од сите вклучени страни е неопходна, а немање конкретни активности веќе не е опција. Функционален регионален пристап за одржливо постапување со отпадот ни е потребен час поскоро, оцени претседателот на МАСВА Михаил Матески.

Во фокусот на денешната панел дискусија беа новите трендови и технологии во областа, како и побрзата примена на постоечките модели во земјава. Дел од панел дискусијата беше и селектирањето и рециклирањето на отпадот во земјата. Иако има напредок во овој сегмент, не целосно воспоставениот систем за управување со отпад генерира одредени аномалии.

Националниот план за управување со отпад и циркуларната економија, предвидува дека од отпадот што нема да се депонира, приближно 25 отсто мора да се третира како R1 – гориво за енергетска употреба, што е потврдено и во документите на UNECE за националната политика на отпад.

Според податоци на Државниот завод за статистика, во 2024 година биле генерирани 790.866 тони комунален отпад. Годишното количество по жител изнесувало 438 килограми. Од вкупно генерираните количини, 637.471 тони биле собирани од јавните комунални претпријатија, додека останатиот дел завршил на нестандардни депонии.