Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Македонија

Почна акција за расчистување на „дивите“ депонии во Куманово

Екипите на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ Куманово со механизација започнаа со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екипите на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ Куманово со механизација започнаа со расчистување на дивата депонија кај локацијата „Искрин мост“, покрај регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

Новоназначениот директор Сашо Томиќ денеска изјави дека ова е една од неколкуте акции кои ќе се спроведуваат деновиве.

 – На територијата на градот има околу 20 диви депонии. Сите ќе бидат исчистени. Апелираме до граѓаните да не фрлаат отпад каде што ќе стигнат. Ќе ја засилиме соработката со комуналната инспекција за да се санкционираат несовесните граѓани, рече Томиќ.

Реклама

 И надлежните од претпријатието, велат дека праксата покажува дека по кратко време расчистените локации повторно се претвораат во мини-депонии. Менаџерскиот тим размислува за одредени поволности за совесните граѓани, оние кои се грижат за непосредната животна средина.

Во минатото имавме акции за делење канти и корпи за отпад. Ќе разгледаме можност повторно да се воведат вакви стимули, особено за оние кои редовно ги плаќаат обврските и се придржуваат до правилата, најави Томиќ.

Покрај расчистувањето на дивите депонии, од јавното претпријатие информираат дека во тек се активности за раззеленување на градот, на градскиот кеј и во парковите. Се работи на садење цветен материјал, зимзелени и листопадни садници, како дел од редовната програма усвоена од Советот на Општина Куманово.  Во пресрет на подготовката на буџетот за 2026 година, Томиќ најави дека ќе се побараат дополнителни средства.

 – Ќе разговараме со градоначалникот и ќе ја согледаме финансиската состојба, најави Томиќ.

 Јавното претпријатие е подготвено за зимската сезона со три специјални возила и доволни количини сол. Дополнително, годинава зимската програма ќе опфати 20 улици повеќе отколку лани.
 – Имаме контакти и очекуваме во наредниот период да обезбедиме механизација преку донации, изјави Томиќ.

Како што најави ќе се реализира во соработка со Општината и преку проекти аплицирани од центарот за развој ан североисточниот плански регион.