Реклама

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Гостиварци може да здивнат – добија технички исправна вода

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Македонија

По 21 година, конечно во Македонија се спроведуваат испити за добивање лиценци за управување со брод

Решавање на деценискиот проблем со паркирање на бродови и чамци, а конечно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Решавање на деценискиот проблем со паркирање на бродови и чамци, а конечно се регулира и процесот за добивање лиценца за капетани на пловни објекти кај нас.

Вицпремиерот Александар Николоски од Охрид го обелодени планот за целосно инфраструктурно средување на пристаништата во Охрид и Св.Наум како и шеталиштето покрај езерото во главниот туристички центар. Ова практично значи дека проблемот со марина во Охрид повеќе нема да постои. Ќе се применат решенија согласно постојната инфраструктура, но запзазувајќи ги стандардите за Охрид да остане под капата на УНЕСКО.

Проектот е во два дела. Едниот е пред Хотел Палас каде што треба да бидат лоцирани помалите пловни објекти, а ова овдека пристаниште треба да е пристаниште кое што опслужува поголеми пловни објекти со далеку поголем капацитет од овој кој пто е сега. Тоа би значело изградба на уште еден крак, продолжување на постојното пристаниште, овозможување на сите потребни услови, еколошки начин за дотурање на гориво во бродовите, изјави Николоски.

Реклама

Дополнително за зголемување на безбедноста, по 20 години во Македонија повторно може да се полага за добивање дозвола за управување со брод. Потребно било да се направат законски измени за полагање во нашата држава. Ниту една Влада , до оваа не се зафатила со решавање на овој проблем кој претставувал дополнителено финансиско оптоварување на капетаните и морнарите.

„До сега тие се вршеле во странство, тоа значело дополнително оптеретување на оние кои што се занимаваат со оваа работа и секако значело помала безбедност во пловниот сообраќај. Ова е нешто што сакаме да го стимулираме и во периодот кој што е пред нас со цел да може да се регулира пловниот сообраќај во државата и да имаме едно повисоко ниво на безбедност”, додаде Николоски.

После враќање на обуката за лиценцирање, Македонија доби: Каптен за управување на брод за меѓународен транспорт, осум заповедници за бродови, од кои и една жена кои имаат право да управуваат во Македонија, шест морнари и еден водач на палуба. Сертификатите се издаваат преку Капетанијата на пристаништата во Охрид и Министерството за транспорт.