Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Македонија

Петрушевски: СДСM е во паника, кој ќе седне на обвинителна клупа по сведочењето на Груби

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата Анализа на телевизија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата Анализа на телевизија 24, каде се осврна на темата за поранешниот вицепремиер од владата на СДСM, и истакна дека институциите треба независно да постапуваат во тој случај. Според него, опозициската СДСM стравува од тоа што би изнел Груби пред обвинителство, и кој би седнал до него на обвинителната клупа доколку она што тој би го изнел иницира поширока одговорност за наводни злоупотреби во рамки на поранешната влада, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

,,Многу е важно како постапуваат институциите и тоа е пример како треба да постапуваат институциите особено во делот на извршната власт. Нормално си е обезбеден бегалецов Груби и оставаме судската власт, јавно обвинителската власт да си ја заврши работата онака како што е во секоја европска држава“, рече Петрушевски.

Тој истакна дека неспорен факт е дека Артан Груби ја извршувал функцијата вицепремиер во владата на СДСM, при што денес стравот на партијата произлегува од можните сознанија кои тој би можел да ги открие.

Реклама

,,Но од фактите ние не можеме да избегаме. Факт е дека вицепремиер беше Артан Груби во време на СДСM, факт е дека криминалите ги правеше во време додека беше вицепремиер, факт е дека СДСM молчеше и не смееше ниту името да му го спомене, а камо ли да му поднесе кривична пријава, како што направила оваа Влада или па да го стави во обвинителни клупи“, истакна Петрушевски и додаде:

,,Најголемиот проблем за СДСM е што знае Груби. И што ќе каже Груби во обвинителството, и кој од нив, сите кои што биле со него во владата, ќе седне до него на обвинителна клупа. Тука им е на нив стравот и тука им е на нив паниката и хистеријата и јавувањето на Заев после 5 години, и се она кое што се случува. Затоа што Артан Груби, како прв вицепремиер, ги има сите информации за криминалите кои што ги правела претходната влада на СДСM“.