Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Петрушевски: Куманово не смее да падне во рацете на Мартин Костовски

СДСM продолжува со старата матрица и со истите луѓе. За Куманово, како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM продолжува со старата матрица и со истите луѓе. За Куманово, како кандидат за градоначалник го нудат Мартин Костовски, кој е дел од структурата која со години ја туркаше Македонија во погрешна насока. Неговото кандидирање е уште една потврда дека Зоран Заев сè уште ја води партијата од сенка, а Венко Филипче е само најобичен пиун. Во СДСM нема промени, нема реформи, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.

Потсетуваме на сериозниот преседан што го направи Костовски, како директор на Службен весник, со објавувањето на Законот за двојазичност без потпис на Претседателот на Републиката. Со тоа директно постапил спротивно на Уставот и законите на државата. Оваа неуставна постапка резултирала со кривична пријава. Исто така, постојат основани сомненија дека за да обезбеди поддршка за т.н. француски предлог, тогашниот министерот Бујар Османи ја вработил сопругата на Костовски во МНР. Ова претставува класичен пример на тргување со влијание и политички пазар. Мора да потсетиме за инцидентот од 2017 година, кога со 1.47 промили алкохол во крвта, Мартин Костовски физички нападнал учесник на протестите „За заедничка Македонија“. За ваквото однесување, кое е срамно за секој граѓанин, а не пак за јавна личност, поднесена е кривична пријава за насилство. Многу важно, кумановци заслужуваат одговор, како е можно со чиновничка плата од 50 до 60 илјади денари, Мартин Костовски да започне изградба на зграда во центарот на Куманово? Градбата е стопирана од градежната инспекција поради сериозни неправилности. Дополнително, неговото поставување за претседател на ОО СДСМ во Куманово токму од Заев, веднаш по неговото доаѓање на лидерската позиција во 2013 година, е уште еден доказ дека вистинскиот лидер на СДС е Заев, а не Венко Филипче, кој само формално ја носи титулата претседател. Каков капацитет поседува Костовски кажува и фактот дека во 2021 година, кога по дебаклот на локалните избори и на самиот Зоран Заев му стана јасно дека треба да се повлече од лидерската позиција во СДС, тој започнува акција за собирање на потписи за поддршка на Зоран Заев да остане претседател. И конечно, во кумановската чаршија за Костовски велат едно, познат е по семејни вработувања и згрижување на блиски лица. Без резултати. Без дела. Само слепа партиска послушност, лични интереси и џабе потрошен четиригодишен пратенички мандат, по кој и понатаму ужива финансиски привилегии преку апанажа, истакна Петрушевски.

Куманово не смее да падне во рацете на човек со вакво минато. Куманово заслужува чесност, отчетност и визија, работи кои Мартин Костовски не може да ги понуди, додава Петрушевски.